post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – БРОШУРИ

Време е за третото маркетинг средство од ветените над 100. Во овој напис ќе ги презентираме брошурите како средство кое МОРА да се користи во маркетингот на Вашиот бизнис. Зошто МОРА! Затое што не се скапи. Затоа што може да опфати многу луѓе. Затоа што се информативни. Затоа што се ефективни и ефикасни. Затоа што содржат информации и од други средства. Затоа што има простор и за дополнителни информации за производ и/или услуга.

Брошурите може да бидат во повеќе облици:

  • Еднострана брошура печатена само од една страна налист хартија
  • Двострана брошура печатена на двете страни на лист хартија
  • Двострана брошура печатена од двете страни на лист хартиија и свиткана за да се отвара како книга.

Брошурите може да бидат печатени или црно бели или во боја. Ова зависи од тоа каков ефект сакате да постигнете со брошурата. Најважно е брошурата да содржи колку што може повеќе информации за Вашиот бизнис.

BrosuraКако една алатка за изработка на брошурите можете да го искористите Microsoft Office Publisher со кој можете да изберете дизајн, да се играте со боите,  да внесете Ваше лого и информации за она што сакате да го содржи брошурата. Освен тоа Publisher-от може да ве води низ целиот процес на дизајнирање на брошурите. Имате можност и преку интернет да симнете темплејти кои ви се допаѓаат и да ги искористите за изработка на Вашите брошури. Целиот процес на изработка е едноставен и забавен. Пробајте.

Втора работа околу брошурите се информациите кои треба да ги содржат. Не ви треба брошура која нема да привлече внимание на читателот и која не предизвикува желба кај читателот да дојдат во Вашиот продажен објект или да ве исконтактират. Една солидна брошура треба да содржи:

  • Насловна страна. Насловната страна треба да го наведе читателот да ги читаат останатите страни од брошурата каде ќе биде претставена Вашата понуда. На насловната страна треба да биде Вашето лого и некои детали за Вашиот бизнис. Освен тоа и некоја реченица со која ќе предизвикате преземање на акција или минимум читање на останатите информации.
  • Вашата понуда. Ова е еден од најголемите елементи од брошурата. Тука давате краток опис на Вашите производи и/или услуги. Ги наведувате проблемите кои ги решаваат и како читателот може да се најде себеси со тие производи и/или услуги.
  • Ургентност. Брошурата има за цел да предизвика ургентност за акција. На ваков начин читателот да добие желба веднаш да превземе некоја акција за купување. Доколку давате попусти тука треба да ги наведете со прецизен датум до кога важат.
  • Задна страна со информации за контакт и логото на бизнисот како и карта каде сте лоцирани или каде можат да ве најдат. Доколку имате попустен купон можете да го поставите на задната страна но на некоја од претходните да наведете кај се наоѓа и што треба да направат (ургентност).

Третата работа околу брошурите како маркетиншко оружје е дистрибуција на истите. Брошурите не служат за да фаќаат прашина. Тие треба да се дистрибуираат до потенцијалните потрошувачи и то на целниот пазар. Проверете во Вашиот бизнис план кој е Вашиот целен пазар. Направете план како да стигнете до нив. Инаку дистрибуцијата ќе зависи од Вашата креативност за дистрибуирање. Еве некои идеи:

  • Да ангажирате некој да ги дели на улица или крстосница.
  • Да ги делите на саеми
  • Да разговарате со неколку трафики да ги вметнат во најпродаваните весници
  • Да дадете на сите роднини, пријатели и познаници да ги делат на нивните роднини, пријатели и познаници
  • Да ги поставите во Вашиот продажен објект за луѓето самите да си ги земаат
  • Можете да посетите неколку паркизни на целниот пазар и да ги подметнете на бришачите
  • Можете да посетите неколку згради со повеќе станови во Вашиот целен пазар и да ги ставите во поштенските сандучиња

Брошурите може да бидат навистина ефективно и ефикасно маркетиншко средство или оружје за Вашиот бизнис. Не ја испуштајте можноста што ја нудат брошурите. Сега можете и сами да си направите со помош на компјутер и печатач и на таков начин тие ќе бидат во помали количини, различни и уникатни.

Во секој случај оваа маркетиншко оружје за малите бизниси спаѓа во категорија на МОРА.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] маркетинг средства како бизнис картички, брошури, […]

Speak Your Mind

*