post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВО 12 – ГРАДИ ЛИСТА!

LeadsDatabase Како 12 маркетинг средство ја избравме базата на податоци со потенцијални и сегашни потрошувачи. Во претходниот напис за телефоните или телемаркетингот напоменавме дека за ефективно и ефикасно спроведување на телемаркетингот најголема улога има квалитетна база на податоци со потенцијални и сегашни потрошувачи. Значи ова маркетинг средство претставува алатка или еден вид на помагало за други видови на маркетинг средства како e-mail маркетинг, телемаркетингот, писмата итн. Но, како алатка игра потенцијална улога за вадење на максимумот од остнатите маркетинг средства.

Наједноставно кажано база на податоци со потенцијални и идни потрошувачи претставува една табела во која се води евиденција за сите сегашни и/или идни (можни-потенцијални) потрошувачи во однос на нивното однесување и влијание на нашите маркетинг активности. Во та табела се бележи кога биле контактирани, како биле контактирани, каква била реакцијата и се што може да придонесе до зголемување на перформансите на нашите маркетинг активности.

Гради листа (Build a List) е основа за секој успешен бизнис. И препорачливо е уште во самиот почеток на бизнисот да се започне со ваквата активност. Како се зголемува листата така ќе се зголемува и продажбата и успешноста на бизнисот.

Што треба да содржи листата?

Она што ќе биде содржано во та листа (база на податоци) ќе влијае на квалитетот на листата. Во најмала мерка листата треба да соджи:

  • Име и презиме на лицето (или бизнисот доколку се работи за бизнис кој продава на бизниси);
  • Контакт детали – адреса, e-mail, телефон
  • Бележење на секоја маркетинг активност во однос на тоа лице;
  • Начин на реакција по изведување на одредена маркетинг активност;
  • Дали започнала продажба со тоа лице;
  • Идни маркетинг активности.

На ваков начин ќе имате една соодветна евиденција за секое лице (физичко или правно) во однос на тоа што е направено, што треба да се направи и какво е искуството со одредено маркетинг средство. Сето оваа ќе помогне во донесување на правилни одлуки во однос на секој сегашен или потенцијален потрошувач

Форми на листа

На пазарот постојат многу софтвери кои нудат еден ваков тип на апликации за менаџирање на листи и маркетинг активности. Но, во секој случај формата и не е важна, најважно е да се започне да се пополнува самата листа. Доколку имате финансии можете да инвестирате во една таква апликација која што секако ќе ви помогне во менаџирање на Вашата листа. Но, тука постои и еден недостаток, а тоа е што со готови софтвери не можете да ја персонализирате Вашата листа.

Тука би дал некои идеи за претприемачите кои започнуваат со бизнис и секој денар им е важен, па затоа не можат да инвестираат во посебна апликација за оваа работа. Па затоа Вашата листа може да биде во следниот облик:

  • Хартиен – сето горенаведено го запишувате рачно и на хартија.
  • Електронски:
    • Microsoft Office Word
    • Microsoft Office Excel
    • Microsoft Office Access
    • или било оја друга апликација која ја имате на Вашиот компјутер а која овозможува текстуални или табеларни обработки. На пример Open Office.

Како да се почне?

Најтежок е почетокот, но најважно е да биде уште во самиот старт на Вашиот бизнис. Можете да ги користите следниве идеи за градење на листа:

  • Внесете ги сите Ваши роднини, пријатели и познаници од Вашиот телефонски адресар.
  • Отворете телефонски именик доколку продавате на физички лица или пак златна книга доколку продавате на други бизниси и пронајдете ги бизниси или пак физички лица од Вашиот целен пазар.
  • Секој кој ќе дојде да купи нешто побарајте му контакт детали заради испраќање на неделни билтени или пак како зачленување во клуб на верни потрошувачи. Забележете само како тоа го изведуваат големите:
    • Во маркетите ви даваат попуста картичка откако ќе ги пополнте сите Ваши податоци.
  • Подели награди и за подигање на истите барај да биде пополнет формулар со контакт податоци.
  • Собирај визит картички секој кој ќе ви понуди и ставај ги одатоците в базата.
  • Отвори огласници и пронајди целен пазар. На огласниците ќе пронајдете кнтакт детали.
  • Користи социјални мрежи.
  • И било што што ќе излезе од Вашата креативност а ќе има ефект на зголемување на Вашата листа.

Една работа која сакам да ја напоменам е дека секогаш ќе морате да прашате дали луѓето или пак бизнисите сакаат да ги контактирате и не смеете да претерувате за да не се слчи Вашите маркетинг средства да станат досадни за Вашите потенцијални или пак сегашни потрошувачи.

Започнете да ја градте Вашата листа, но систематски и со соодветно планирање за користење на истата и успехот сам ќе си дојде.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

Speak Your Mind

*