post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ПОПУСТНИ КАРТИЧКИ

Продолжуваме со шестото маркетинг средство или оружје кое големите компании не сакаат да дојдат во рацете на претприемачите. Попустните картички може да бидат доста ефикасни и ефективни маркетинг средства. Најголемата придобивка освен генерирање на протрошувачи и продажба е што овозможуваат едноставено следење на резултатите од овие маркетинг кампањи, бидејќи секој кој ќе купува со попустна картичка ќе мора да ја донесе и да ја остави во продажниот објект.

DiscountCard Попустните артички претставуваат картички кои на имателот на истите му овозможува попуст или редукција на цената во износ кој е наведен на картичката. Оваа маркетиншко средство функционира на следниов начин:

  • Ги распространувате картичките. Ова може да биде изведено на различни начини:
    • Ги давате на постојаните потрошувачи
    • Ги разделувате на било кој начин до потенцијални потрошувачи
    • Ги давате како награда за купен одреден износ
    • Или било каков начин кој ќе излезе од Вашата креативност.
  • Имателот на картичката доаѓа во продажниот објект ја покажува картичката и добива попуст за износот кој е наведен во картичката.

Какви може да бидат попустните картички? Кога станува збор за маркетинг средства се останува на креативноста на претприемачот. Нема пишани правила. Врз основа на начинот на изработка попустните артички може да бидат:

  • Хартиени. Изработени од обична хартија и отпечатени. Овие најчесто се користат за еднократна употреба и се најевтини.
  • Картонски. Изработени од картон кој е поцврст од обичната хартија и се малку поскапи од хартиените.
  • Пластифицирани. Испечатени на хартија или картон и потоа пластифицирани. Овие картички може да се користат за повеќекратна употреба и се малку поскапи од хартиените и картонските.
  • Пластични. Ова се картички кои целосно се изработени од пластика. Може да бидат во вид на кредитна картичка и со чип кој може да се прочита на компјутерот. Ова се и најскапите картички.

Врз основа на начинот на распространување може попустните картички може да бидат:

  • Картички како исечок од некој медиум (весник, златна книга, брошура, флаер итн)
  • Картички кои се распространуваат на еден од начините претставени погоре.

Доколку картичката се распространува преку весник или златна книга претприемачот нема што да му мисли за изработката. Доколку имате буџет за изработка платете некој друг тоа да го стори за Вас и со останатите типови на попустни картички.

Доколку одлучите самите да ги изработите ќе ви треба:

  • Софтвер за графичка обработка на картичките
  • Компјутер
  • Печатач на кои ќе ги печатите. Пожелно е да биде во боја поради оставање на подобра импресија. Но, во некои кампањи и црно-белата форма ќе заврши работа.
  • Пластификатор доколку одлчите да ги пластифицирате.

Но, што е она што треба да го содржи попустната картичка? И оваа е оставено на креативноста на претприемачот. Но, она што во основа како задолжително би требало да го содржи е:

  • Идентитетот на Вашиот бизнис (име, лого и слоган)
  • Како да ве најдат (адреса, телефон, веб страна и по можност мапа како да ве најдат)
  • Износот на попустот изразен во проценти или во парични средства. Ова не треба да биде двосмислено, туку кристално јасно за да не дојде до забуна. Запомнете, дека доколку потенцијалниот потрошувач ја користи картичката првенствено ќе ја користи заради попустот.
  • Времетраење или рок на важност на картичката. Оваа е многу важно за оваа маркетиншко средство. На ваков начин ќе ја исткнете ургентноста. Доколку немате рок картичката ќе биде затурена некаде и никогаш нема да биде искористена. Ова е особено важно за попустните картички за еднократна употреба.

Попустните картички може да генерираат огромен износ на продажба за Вашиот бизнис. Целта е со ваквите картички да донесете колку што може потенцијални потрошувачи во Вашата продажна инка. Она што ќе го добие Вашиот бизнис е:

  • Генерирање на поголем број на потрошувачи,
  • Врзување за повторно купување или враќање на потрошувачите
  • Поттикнување на поголем износ при купување.

Замислете една попустна картичка во весник кој се продава во 100.000 примероци да биде искористена во износ од 1%. Тоа се 1000 потенцијални потрошувачи. Доколку тие потрошат 500 денари во просек за да ја искористат тоа може да биде приход од 500.000 денари за периодот за кој мора да се искористи картичката. Доколку тој период е една недела Вашиот бизнис ќе генерира дополнителен приход од 500.000 денари за една недела. Нели  е тоа извонредно. Ваквиот приход во секој случај ќе го покрие трошокот за издавање на таквата попустна картичка. Но, она што е исто така важно, па можеби и поважно вие можете да добиете нови потрошувачи за Вашиот бизнис. Па, и откако помине тој период од картичката истите да се враќаат и да купуваат од Вашиот бизнис. Погледнете како работат големите како Туш и Рамстор кои даваат пластична картичка и при секое купување со картичката ви даваат попуст. Со тоа ве врзуваат. А, врзувањето значи постојано генерирање на приход, а со тоа и профит. Во секој случај пожелно е да ги користите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*