post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ТЕЛЕФОНИ

telefon1 Продолжуваме со маркетинг средствата кои големите компании не сакаат да бидат користени од малите. Претходно опфативме одреден број на маркетинг средства за малите бизниси кои се едноставни за користење и пристапни за претприемачите. На ред е телефонот како маркетинг средство или попознато како телемаркетинг. Сегашните телекомуникациски средства ни го дозволуват тоа. Веќе нема ој нема фиксен или пак мобилен телефон.

Што претставува телефонски маркетинг

Телефонскиот или телемаркетингот претставува метод на директен маркетинг (директен контакт) со потенцијалните потрошувачи преку телефон, во кој претприемачот или продавачот ги поттикнува потенцијалните потрошувачи да купуваат одредени производи и/или услуги кои ги нуди бизнисот.

Значи овој тип на маркетинг претставува директен контакт преку глас со глас со потенцијалниот потрошувач. Вие или некој вработен во вашиот бизнис се јавувате на луѓето и ги презентирате Вашите производи и/или услуги за да поттикнете продажба на истите. Освен промоција на бизнисот или производите и/или услугите телефонскиот маркетинг може да се користи и за анализа и истражување со поставување на одредени прашања на потенцијалните потрошувачи со што едноставно ќе ги потсетите дека Вие и Вашиот бизнис постоите и сте спремни за да им излезете во пресрет. Од друга страна со анкетата ќе имате и можност да извршите одредена промоција на Вашите производи и/или услуги.

3 типа на телемаркетинг

Согласно начинот на изведување на телефонскиот маркетинг може да постојат три вида:

  • Лично јавување преку телефон
  • Користење на специјализирана фирма за спроведување на телемаркетингот
  • Автоматски телемаркетинг

Лично јавување преку телефон

Овој тип на телемаркетингот е кога вие или пак вашите вработени се јавуваат лично преку телефон на изберена група на потенцијални порошувачи. Го користите вашиот телефон и вашиот личен глас или гласовите на вашите вработени.

За да го спроведете овој тип на маркетинг потребно е да изберете група на потенцијални потрошувачи. Ова можете да го сторите со преглед во Вашата листа на тековни и можни потрошувачи. (Во еден од наредните написи ќе ја опфатиме листата како маркетинг средство). Можете да извршите избор по случаен избор или пак врз основа на претходната историја дали сте им се јавувале или не. Значи овој тип на телемаркетинг е најефтин, но од друга страна бара дополнителен ваш и на вашите вработени ангажман. Внимавајте да не станете досадни со јавување. Можеби еднаш во еден до два месеци е дволно за да претставите нешто со вашиот телемаркеинг. Запомнете дека секогаш правите комбинација на вашите маркетинг средтва. Доколку вашите потенцијални потрошувачи се бизниси искористете ја златната книга за да изберете целни потрошувачи на ки ќе им се јавувате во текот на годината. Доколку вашите потенцијални потрошувачи не се бизниси, директни купвачи (луѓе) користете го телефонскиот именик за да изберете соодветна целна група.

За ова последното потребна ви е одредена анализа во однос на целните порошувачи. На пример, доколку вашиот целен пазар се помладата генерација изберете локација каде то претежно живеат млади луѓе или млади брачни парови. Најдете ги во именикот и започнете со јвувањето.

Специјализирани фирми за телемаркетинг

Овој тип на телемаркетинг е кога ангажирате надворешна компанија за да ги изведе овие работи наместо вас. Во златна книга имате посебен одел за фирми кои нудат услуги од телемаркетингот каде што можете да најдете неколку да го проверите нивниот сајт за типот на услугата што го нудат и да ги проверите цените за да можете да се усогласите со вашиот маркетинг буџет. Инаку на ваков начин ќе овозможите заштеда и на вашето време и на вашите вработени. Нема пореба од креирање на база на податоци со листа н потенцијални и тековни отрошувачи.

Како недостаток би го истакнал тоа што овие компании се јавуваат на нивна листа која можеби ќе претставува промашување на Вашиот целен пазар, па инвестицијата да не се исплати.

Автоматски телемаркетинг

Овој тип на телемаркетинг користи специјализирани софтвери за телемаркетинг и всушност софтверот им врти на телефонот на потенцијалните потрошувачи. На компјутерот има снимени предефинирани пораки кои содржат и паузи за одредени прашања од страна на потенцијалниот потрошувач.Со овој тип на телемаркетинг ќе ви треба специјализирана опрема (компјутер и софтвер) како и листа на отенцијални потрошувачи. Значи недостатокот од претходниот тип на телемаркетинг се елиминира бидејќи листата ја креирате вие.

Но и кај овој тип постои недостаток во однос на тоа што потенцијалните потрошувачи лесно можат да забележат дека им се јавува машина а не човек. Ништо не може до перфектност да се испланира и да се вметне во снимениот материјал.

Какви треба да бидат разговорите

Ова маркетинг средство може да биде доста ефикасно доколку успеете да ја пренесете вистинската гласовна порака. Пораката треба да ги содржи следните елементи:

  • Претставување – потребно е да се претставите кои сте и што сте, како и името на Вашиот бизнис. Јас сум тој и тој, работам како тоа и тоа во компанијата таа и таа.
  • Објаснување – објаснување на вашиот бизнис и производи и услуги.  Компанијата нуди тоа и тоа и со тие производи ќе ви помогне да …
  • Заинтересираност – Прашање дали е заинтересиран за вашите производи и/или услуги.
  • Понуда – понудете конкретна понуда која ќе предизвика конкретна акција како попуст доколку реагираат бргу.
  • Најава за иднина – доколку не се одлучи за купување, најавете дека повторно ќе се слшнете кога ќе имате некоја слична понуда или пак поканете го да дојде во вашиот продажен објект.

Подготовка на успешна телемаркетинг кампања

За да имате успешна телемаркетинг кампања потребно е добро да се подготвите. Запомнете дека од првото јавување помала е веројатноста да постигнете успех – продажба. Потребно е да подготвите неколку текста, вообичаено 3 до 4 за јавување на еден потенцијален клиент.

Разговорите не реба да бидат долги. Колку се подолги толку станувате подосаден за потенцијалниот клиент и нормално ви се зголемуваат трошоците бидејќи вие го плаќате телефонското јавување. Затоа подгответе текст кој ќе биде помал од една страна.

Сите разговори и успеси и неуспеси заведувајте го во базата на податоци со вашата листа за да знаете како да се однесувате во иднина.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] еден турбо серијал од маркетинг средства. Меѓу тие е и телемаркетингот кој едноставно значи доаѓање до телефонски броеви и […]

Speak Your Mind

*