Една од првите активности на менаџерите и претприемачите во услови на рецесија е д
а започнат со кратење на маркетинг трошоците на бизнисот. Во повеќето бизниси кога ќе се погледнат трошоците како една поголема ставка изгледаат маркетинг трошоците. Во време на рецесија кога продажбата и развојот на бизнисот се успорени се бараат начини да се скратат трошоците. Понекогаш оваа кратење може да доведе и до влошување на меѓучовечки односи и затоа вообичаено менаџерите бараат начин да не се случи некој оддел или некоја моќна група во бизнисот се почувствува како губитник. Во таков случај едно од најдобрите решенија е да никој не биде губитник туку бизнисот. Сепак бизнисот го водат луѓе. Па, маркетингот е најповолен за кратење на трошоците.
Наидов на едно интересно истражување спроведено од Jenny Darroch, експерт за маркетинг стратегии на факултетот Drucker School of Management на Claremont Graduate University под наслов Avoid the Temptation to Cut Marketing Budgets to Balance the Books.
Зошто маркетинг буџетот се крати?
Jenny Darroch вели:
Сите разбираме дека маркетинг трошоците не се директно поврзани со моментално производство на аутпутот (резултати). Ова значи дека маркетинг буџетот е меѓу први кој реба да биде скратен кога менаџерите се обидуваат да најдат начин да ги намалт трошоците за да ја задржат довербата на акционерите и да продолжат да со безбедно пловење… Размислувањето е дека кога рецесијата ќе заврши ќе можат да се вратат на претходното ниво на маркетинг трошоци. Размислувањето е дека може да се продолжи од таму каде што е застанато без да се наштети на брендот.
Jenny Darroch извршила едно мало истражување за перформансите на бизнисите во претходната рецесија во 1980-тите години. Таа извршила мерење на перформансите на бизнисите една година пред рецесија, ги мерела маркетинг трошоците пред рецесијата и перформансите на бизнисите една година и 5 години по рецесијата. Откритието го коментира:
Открив дека бизнисите кои трошат повеќе во текот на рецесијата уживаат повисока пазарна вредност пет години по завршување на рецесијата. За мене оваа претставува јасен доказ за долгорочните ефекти на маркетинг трошоците.
Во текот на рецесијата вообичаено се користат краткорочни маркетинг средства вовид на попусти и купони. Кои може да дадат брзи резутати. Но, градење на долгорочна вредност на брендот се избегнува. Оваа истражување навистина ни кажува како не треба да се однесуваме во текот на рецесијата.
Кога навистина ќе погледна во изминативе 15 години се чини дека ние нон-стоп сме во некоја рецесија. А кога ќе погледнам како малите бизниси се справуваат во време на рецесија навистина гледам само краткорочни маркетинг напори.
Едно клучно правило е дека производството или продажбата, маркетингот и сметководството никогаш не можат да се мирисаат. Ова е поради фактот што маркетингот што ќе зацрта производството и продажбата не можат да остварат. Што сметководството гледа како трошок останатите гледаат како развој. Но, затоа е тука добар менаџмент. Кој треба да гледа непристрасно и да пресече онака не како е најдобро за поединци туку како е најдобро долгорочно гледано за бизнисот во целина.
Втората работа е трпеливоста. Секој вложен денар во маркетингот не се враќа во вид на 3 денари денес или утре. Туку се враќа во вид на 3 денари по една, две или пак три години. Ова сметководителот не може да го види бидејќи книгите се однесуваат за денешното трошење на парите, а денес од вложеното не се враќаат.




Speak Your Mind