post

МНОГУ ПАРИ, СЛАБ БИЗНИС, БЕЗ ПАРИ

Постои мислење дека доколку имате многу пари за започнување на бизнис ќе бидете успешен претприемач, но и ќе имате успешен бизнис. По некоја логика можеби ќе имате поголема потенцијална енергија во однос на другите претприемачи кои немаат толку пари. Но, без знаење за водење на тој бизнис ќе дојдете во ситуација да ги загубите тие пари, да го затворите бизнисот и да останете со прстот во устата.

Од друга страна, претприемачите кои со малку пари (во одредени случаи и позајмици) го започнуваат бизнисот постојано ќе работат и ќе се едуцираат како чекор по чекор да ги подобруваат бизнис процесите и севкупниот бизнис кој го започнуваат. Но, и овие претприемачи не се без проблеми, а најголемиот проблем им е недостатокот на финансиски средства.

Значи во бизнис логиката може да се воспостави една математичка формула:

МНОГУ ПАРИ + СЛАБ БИЗНИС = БЕЗ ПАРИ

Од друга страна постои и друга формула:

МАЛКУ ПАРИ + ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ + РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ + ЗНАЕЊЕ = УСПЕШЕН БИЗНИС = МНОГУ ПАРИ

Бизнис логиката е токму во втората формула. Со многу пари и не ти треба бизнис. Карактеристиката на претприемачите е ОД НИШТО ДА НАПРАВАТ НЕШТО. Денешните најуспешни и најбогати компании се започнати со многу малку пари во гаражи, а денес се компании кои се вреднуваат во милијарди долари. За успехот најважно е да имате добра идеа, знаење, креативност и да сте упорни.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*