post

Мора да знаеш што треба да направиш

Цитати кои вреди да се потенцираат

Цитати кои вреди да се потенцираат

Денес живееме во свет во кој преовладуваат информациите. Секојдневно сме бомбардирани со различни информации за се.

Веројатно читаш на интернет и користиш RSS читач. Се обидуваш да прочиташ колку што може повеќе пораки на Twitter или Facebook статуси. Сега тука е и Google+, повеќе конекции, повеќе споделувања, повеќе конверзации…

Добиваш различни email пораки. Некои од нив ти продаваат нешто. Некои сакаат да купат нешто од тебе. Некои сакаат да те едуцираат, а некои едноставно сакаат да навлезат во конверзација со тебе. Веројатно, добиваш премногу email пораки на дневна основа.

И на сето тоа, на твојата маса може да се видат различни извештаи, различна хартија, различни книги…

И сето ова е само еден мал дел од секојдневието на еден модерен претприемач. Како да се справиш со се околу тебе, а има многу работи за справување?

Некои од тие работи се бескорисни. Некои се користни или може да бидат корисни во иднина иако сега за сега не се.

Во еден од претходните наслови како Evernote и GTD систем го најавив преку еден дијаграм еден од најпознатите системи за продуктивност во светот кој во последниве неколку месеци се обидувам да го имплементирам, притоа користејќи разни помошни алатки во имплементација.

Тука би сакал да споделам еден цитат кој е во согласност со тој систем на продуктивност и кој може да помогне да направиме некој ред во целосно неорганизираниот свет околу нас.

You Need to Know What You Need to DoLike this graphic? Get more productivity tips from My Productivity Tools.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ерата на информации завршува. Започнува ера на препораки.

    • Sutevski says

      Доколку границата би била толку лесна за да се постави би било премногфу едноставно да се живее и работи во овој свет.

      Во секој случај како и секогаш гледано низ историјата многу работи и т.н ери ќе продолжат да се преклопуваат во различни сегменти од работењето, особено во услови на неизвесноста во која опстојуваат бизнисите и организациите.

Speak Your Mind

*