post

Надминување на одложување преку елиминирање на причините

претприемач Дали си одложувач? Дали понекогаш за твоите важни задачи или активности велиш има време утре ќе ги завршам? Што мислиш за ова? Биди реален во твоите одговори на прашањата.

Како човечки суштества сите ние имаме одредени видови на одложувачи елементи во себе. Како и да е, кога зборуваме за бизнис и особено малите бизниси или пак за тебе како еден претприемач, одложувањето е нешто што може да го убие твојот бизнис.

Во Wikipedia, одложувањето е дефинирано како:

акт на замена на високоприоритетни акции со задачи од мал приоритет, поместувајќи ги важните задачи за подоцнежно време.

Како што можеш да забележиш, одложувањето те бутка наназад во однос на твоите најважни задачи.

Причини за одложување

Доколку сакаш да го избегнеш одложувањето во однос на твоите претприемнички активности, ќе мора да започнеш со причините за неговата појава.

Секогаш ќе постојат различни причини зошто како еден претприемач одложуваш, и твојата рабта е да ги најдеш и елиминираш истите.

Во најголем број на случаи, причините за одложување може да бидат следниве три:

  • Страв. Оваа причина се јавува кога чувствуваш страв поради можните последици од завршување на проектот или задачите содржани во тој проект. Секоја активност, секоја задача, секоја имплементција на одлука и секое завршување на проекти значи промена од актуелната status quo ситуација во нова состојба на системот. Овие нови состојби се непознаница за тебе и затоа чувствуваш страв од непознато.
  • Слабо менаџирање со проектот. Како втора причина за одложување може да биде слаб менаџмент со проектот. Кога проектот е лошо планиран, или лошо проектиран ќе имаш многу слабо дизајнирани чекори за акција. Во една таква ситуација ќе мора да го провериш дизајнот на проектот и да сеобидеш да го расчлениш во активности кои лесно се завршуваат.  Понекогаш подготовката на проектот те остава без неопходни информации кои ти се потребни за комплетирање на задачите од проектот.
  • Дали си вистинската личност за претприемништво? Доколку постојано одложуваш во однос на најважните задачи во твојот бизнис, можеби не си вистинската личност токму за тој вид на бизнис.

Елиминирање на причини за одложување

Ќе мора да ги елиминираш причините доколку сакаш да не одложуваш. Користи ги следниве прашања за да ги елиминираш причините:

  • Зошто одложувам?
  • Што можам да направам во однос на тоа?
  • Како можам да имплементирам можни стратегии за да ги елиминирам причините за одложување?
  • Како можам да ја подобрам мојата одговорност?
  • Како можам да се мотивирам себеси за секој прогрес кој ќе го постигнам?

Важно е да ги најдеш вистинските одговори на овие прашања бидејќи тие ќе ти кажат што мора да направиш за да ги елиминираш сите причини за одложување и ќе ти ги покажат сите стратегии кои ќе треба да ги имплементираш за да се подобриш себеси.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*