status

Глобалниот натпревар Get in the Ring објави повик за стартапи

Глобалниот натпревар Get in the Ring објави повик за стартапи

GITR најава

Интернационалниот натпревар за стартапи Get in the Ring во организација на НЦРИПУ (NCDIEL) објави повик за аплицирање за националното финале, кое ќе се одржи на 5.11.2015 година во хотел „Александар Палас“ во рамки на 10-тата Европска недела на мали и средни претпријатија. Краен рок за аплицирање е 25.10.2015 година. Право на учество имаат сите стартапи кои не се постари од 8 години и имаат иновативен и скалабилен бизнис модел/идеја погодна за презентација пред борд на инвеститори. Победниците (двата првопласирани тима) ќе ја претставуваат Македонија на регионалното финале во Софија, а за првите три места следат и награди од нашите партнери (прво место – €1000; второ место – €600 и трето место €200).

НЦРИПУ (Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење) кој беше домаќин на Get In The Ring минатата 2014 година, објавува повик за стартапи за Get In The Ring 2015. Сите стартапи кои не се постари од 8 години со иновативна и скалабилна бизнис идеја / модел се подобни да ја искористат оваа уникатна можност за промоција и привлекување на интернационална публика, вмрежување, и се разбира, обезбедување на вредни инвестиции и награди. Услов е нивниот претставник одлично да го говори англискиот јазик. Од пријавените кандидати, стручното жири ќе ги избере најдобрите 8 кои ќе се пласираат за учество во финалето. Пред финалето, поточно на 26.10.2015 година во 14:00 часот ќе се одржи кратка информативна обука.

Македонскиот Get In The Ring 2014 победник – Мрежа за електронски отпад

GIR победник 2014

Награди

Прво место:

  • Награда од 1000 (стартапот е обврзан да учествува на регионалното финале)
  • Титула: Get In The Ring шампион за Македонија
  • Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се случува во Софија
  • Интернационална промоција на бизнисот и продуктот
  • Можност за освојување до €1.000.000 инвестиции во бизнисот на финалето и освојување на титулата Олимписки првак на Get In The Ring 2015

Второ место:

  • Награда од 600 (стартапот е обврзан да учествува на регионалното финале)
  • Пласман на регионалното финале за Источна Европа кое ќе се случува во Софија
  • Интернационална промоција на бизнисот и продуктот
  • Можност за освојување до €1.000.000 инвестиции во бизнисот на финалето

Трето место:

  • Награда од 200
  • Национална промоција на бизнисот и продуктот

За концептот на Get in the Ring

Натпреварот Get in the Ring на ветувачките стартапи им нуди подиум за стекнување на фанови низ целиот свет. Овој подиум се состои од глобален натпревар, и интернет платформа преку која фановите од целиот свет можат да се поврзат со овие стартапи. Уникатноста на овој концепт лежи во особеностите на подиумот: персоналност, разбирливост, забавност, атрактивност и конкурентност.

Get in the Ring е познат по уникатниот формат на настап. Во натпреварот Get in the Ring два стартапи буквално се соочуваат во боксерски ринг. За време на рундите, секој од нив презентира пред жири составено од шампиони (инвеститори) и глобална публика со потенцијални фанови.

Аплицирајте за овој интернационален натпревар

Дали сте заинтересирани да се придружите на натпреварот? Пријавете се на следниот линк: www.gitr.co/apply и регистрирајте го вашиот стартап веднаш!

Повеќе информации ќе бидат објавени на веб и Facebook страните на НЦРИПУ (http://ncdiel.mk/) и на http://getinthering.co/events/macedonia-2/

Контакт за Македонија: канцеларија на НЦРИПУ, info@ncdiel.mk, тел: 02 3099 481.

Интернационален контакт: Elbert Stoof, директор на натпреварот и настаните (elbert@gitr.co)

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*


Warning: Parameter 1 to W3_Plugin_TotalCache::ob_callback() expected to be a reference, value given in /misc/25/000/213/213/5/user/web/pretpriemac.com/wp-includes/functions.php on line 3643