status

Повик за учество на натпревар за социјално претприемништво за млади Роми

Повик за учество на натпревар за социјално претприемништво за млади Роми

Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ) организира натпревар за најдобра идеја за социјално претпријатие, како дел од проектот СПИР – Социјално претприемништво за инклузија на Ромите. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во рамките на грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија и вработување на локално ниво“ EuropeAid/136315/ID/ACT/MK како дел од оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV).

Тимовите од максимум 5 члена од ромска етничка заедница кои се заинтересирани да учествуваат, потребно е да аплицираат онлајн, со пополнување на кратка апликација за нивната бизнис идеја за социјално претпријатие, најдоцна до 20.10.2017, на следниот линк:

Аплицирање на натпреварот

Добиените апликации ќе бидат оценати од страна на стучно жири, а најдобрите 8 тима ќе добијат сертификати и ќе се пласираат во финалето на натпреварот, кое ќе се одржи во просториите на Канцеларијата за социјално претприемништво, ПСМ инкубатор (16 Македонска бригада 13б, Скопје), на 24.10.2017. На финалето на натпреварот, тимовите ќе имаат можност да ја претстават нивната идеја за социјално претпријатие пред симулиран борд на инвеститори (стручно жири), кое низ процес на селекција ќе ги избере најдобрите три тима кои ќе бидат соодветно наградени:

Прва награда (награден фонд во противвредност од 700 евра која се состои од 300 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Втора награда (награден фонд во противвредност од 600 евра која се состои од 200 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Трета награда (награден фонд во противвредност од 500 евра која се состои од 100 евра монетарна награда и 20 часови консултантски сесии со експерти)

Консултантските сесии со експертите се наменети за понатамошен развој и практична реализација на социјалните претпријатија, на следните теми:

– Развој на бизнис модел;

– Менторство за финансиско планирање;

– Менаџирање на ризик;

– Ефективна комуникација и маркетинг;

– Развој на бизнис план;

– Подготвување за претставување на бизнис идејата пред борд на инвеститори;

– Можности за дополнително надворешно финансирање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*