post

Најди излез од црно белиот свет

Повеќе купувачи Еден голем проблем со кој се соочуваат претприемачите и кај самите нив и кај сопствените вработени е едноставно копирање на се околу нив.

Нема иновација, нема инвентивност…

Креативност можеби постои, но кретивноста без иновација не вреди.

Едноставно еден ист црно-бел свет.

Не ми верувате! Тогаш проверете ме преку следниве активности:

  • Влези во еден бутик прв на кој ќе налеташ. Првите зборови кои ќе ги чуеш од продавачот ќе бидат: Добар ден, како можам да ви помогнам. Варијациите не се важни бидејќи може да биде дали може да ви помогнам, може ли да ви помогнам…
  • Земете неколку весници и погледајте ги страните од огласниците. Споредете и ќе видите дека во суштината не се многу разликуваат.
  • Иако само мал број на мали бизниси имаат ТВ реклами, погледнете ги ќе забележите недостаток на инвентивност и секако ист стил, слична порака и лесно препознатлива намера.

Кога зборуваме за иновација не значи дека таа мора да биде нешто големо, огромно или пак неостварливо. Зборуваме за иновација која едноставно ќе го отсликува твојот бизнис.

Најдобар, уникатен, екстра, одличен… Но, што? Доколку се примени соодветен дизајн на бизнисот уште пред официјално отворање на вратите истиот треба да ја има инкорпорирано конкурентската предност во него. Па зошто да гледаш во маркетинг материјали на конкуренција и да ги направиш слични? Зошто да има исто однесување на вработените во твојот бизнис со оние кај конкуренцијата? Заради производот? Грешка!

Купувачот нема ни да стигне до производот доколку твојот продажен тим не успее да ги натера да го погледаат производот или понудата. Колку пати кога го слушнете прашањето добар ден како можам да ви помогнам сте кажале ништо едноставно да погледам? Таков еден одговор ги врзува и рацете и нозете и на најдобриот продавач. Крај, the end! Само случајност или божја волја може да доведе до враќање на потенцијалниот купувач на вистинскиот пат.

Но, доколку имаш соодветно дизајниран процес на приод на секаков потенцијален купувач не со прашање за помош која ја нудиш туку со понуда за да купи нешто, и не било каква понуда туку неодолива понуда, продажбата сигурно ќе биде поголема! Ќе прашаш за колку? Дали е важно! И да биде една од 10 обиди сепак е подобро од нула од десет обиди.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*