post

Најкористени алатки во мојот арсенал

Иако можеби ќе изгледа како да се повторувам бидејќи повеќе пати објавувам вакви наслови со различни алатки или апликации кои ги користам. Но, сепак живееме во многу динамично време. Нешто што користиме денес можеби нема да користиме утре. Или пак она што сме го користеле сме го замениле со нешто друго.

Развојот на технологијата не не остава веќе да бидеме мирни подолг временски период. Секојдневно излегуваат нови алатки, нови технологии, нови можности за претприемачи… Мора да следиме што се случува околу нас, но и да го користиме сето она што ќе ни биде потребно, а се со една цел, подобрување на нашите лични и бизнис перформанси.

Сега кога ја започнуваме оваа 2013 година, погледнав во разните алатки кои ги користам. Може да се каже дека се неколку стотици. Но, доколку треба да изберам да ги презентирам десетте најкористени алатки тоа се алатките наведени подолу. Редоследот не се однесува на важноста.

1. OmniFocus

omnifocus

OmniFocus е мојот избор на апликација кога станува збор за менаџирање на активности, проекти и задачи. Одлична е поради тоа што целосно е изградена врз основа на GTD (Getting Things Done) принципот за кој пишував повеќе пати.

Оваа алатка ја користам и на лаптопот и на персоналниот компјутер, но и на iPhone и iPad при што целосно се синхронизираат активностите помеѓу сите уреди. Она што можеби најмногу ми се допаѓа е што можам да поставам активности согласно локација, при што кога се најдам на некоја локација добивам нотификација на мојот телефон дека може да направам нешто.

2. OmniOutliner

omnioutliner

OmniOutliner е повторно од истата компанија, но претставува еден вид на апликација за подготовка на едноставни аутлајни како основа на било што што започнувам да работам. Без разлика дали е тоа некој проект или пак некоја идеја или наједонсотавен блог пост често пати започнувам со оваа апликација.

Најдоброто е што ми овозможува едноставно нафрлување на идеи, но и реорганизација на идеите. Максимумот во користење го применив при изработка на материјалите за премиум претприемач 2.0.

3. Evernote

Evernote

За Evernote не треба нешто многу да зборувам. Оваа алатка е незамислива за мојот секојдневен живот без разлика дали станува збор за приватен или пак професионален живот.

Тука влегува скоро се до што ќе дојдам, што ќе ми текне, што сакам да направам… Едноставно Evernote стана место каде што ќе побарам и ќе најдам се што ми е потребно. Но, и тоа не е се. Оваа алатка е основата на моето безхартиено работење.

4. Skitch

skitch

Skitch полека но сигурно стана неизоставен дел од моето секојдневно функционирање. Наместо да носам бележник за да направам некоја скица или да измерам некоја димензија или пак за било што друго, тука е Skitch кој ја зема сликата и едноставно ја праќа во мојот Еvernote акаунт.

5. Dropbox

Dropbox

Dropbox сеуште е една од најкористени апликации на мојата листа на користени алатки. велам сеуште затоа што планирам наскоро да имплементирам сопствено решение кое ќе функционира во склоп на мојата компанија.

Сепак, можноста да се пристапи до документи од било која локација и споделување на датотеки е нешто што навистина го смени начинот на кој функционирам. Не ми требаат веќе оние USB стикчиња преку кои ќе ставам поголеми фајлови за да споделам со некого.

6. iWork

iwork

iWork полека, но сигурно ја намалува мојата зависност од Microsoft Office. Иако, сеуште некои функционалности ги нема што ги има во Office особено во делот на обработка на податоци во Excel но и недостаток на Access за работа со бази на податоци.

Но, кога станува збор за работа во cloud, за едноставност при работа, убавото на она што го работите и уште многу мали но добри карактеристики овој пакет е незамнелив.

Особено ми се допаѓа Keynote (наместо PowerPoint) кој навистина претставува одлична апликација за изработка на неверојатни презентации. A, ако земам во обзир дека веќе цели 3 години нема крупно ажурирање само може да очекувам уште подобра следна верзија. Од друга страна, доста е поевтино решение во однос на останатите.

7. MindNode Pro

Како надополнување на OmniOutliner каде како што кажав започнувам многу работи, MindNode Pro е второто место каде продолжува започнатотот. Лесно од линеарно размислување во OmniOutliner сработеното го префрлам во пореално размислување во вид на minmap.

8. Reeder

reeder

Иако, во изминатите неколку години испробав и купив повеќе апликации како читачи на повеќе од 200 RSS страни кои ги следам секојдневно, сепак Reeder е незаменлив во моето секојдневие.

Синхронизација меѓу уреди, лесно споделување, читливост… Сето тоа се само дел од карактеристките кои ми се допаѓаат.

9. MarsEdit

marsedit

MarsEdit претставува апликација за пишување на блог постови. Таа е слична како Windows Live Writer за која пишував во алатки за содржина.

Со мало проучување и имплементација на неколку чекори успеав да ја поврзам со Dropbox, така да сите драфт верзии на наслови на блоговите кои ги ажурирам се синхронизирани на сите уреди.

Дури и овој пост е резултат од оваа апликација.

10. Google Chrome

Google Chrome

И, како последна не смеам да ја заборавам. Google Chrome прелистувачот е мојот дифолт прелистувач веќе две години и тој е нешто што секојдневно е вклучено постојано кога сум пред компјутер.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*