post

Научи па преземи акција… Погрешно!

Да продолжам со моето излагање од претходниот пост насловен како планирање на невозможно да се испланира со уште една погрешна теорија која сме научени да ја применуваме, а која едноставно е неприменлива денес.

Научени сме првин да научиме нешто, а потоа да преземеме акција која е поврзана со тоа нешто. Ако сакаме да започнеме бизнис со нова бизнис идеја научени сме добро да ја проучиме идејата, да анализираме и истражуваме, да направиме бизнис план и дури потоа да го имплементираме планот.

Зошто?

Затоа што денес на сите полиња постојат премногу нови знаења, кои се достапни.

Знаењето е насекаде околу вас, но дали ви е потребно?

На пример, доколку сакате да научите за квантна физика ќе најдете безброј информации, предавања, научни списанија и било кој друг материјал кој можете да го искористите за учење.

Но, прашањето е дали тоа знаење ќе ви биде поребно за вашиот бизнис? Да, ќе биде потребно доколку индустријата во која функционира вашиот бизнис е таа индустрија, но доколку не е таа индустрија вие едноставно си го губите времето освен ако не сте студент кој проучува во тоа научно подрачје.

Целта ми е да кажам дека денес навистина е лесно да се дојде до знаење. Кога го креирав овој сајт го користев и сеуште го користам исказот “Извор на знаење за вашиот бизнис”. Но, сега пишувајќи го овој пост, едноставно сметам дека треба да го променам. Тоа беше за време кога никој не пишуваше за бизнис, за претприемништво, за иновации… И тогаш одговараше, а денес скоро сите се занимаваат со темава на некаков начин. Тоа беше време кога морав да купувам стотици книги во хартиена форма за да проучувам нешто волку сложено, а претставуваше единствен извор на знаење. Сега тие работи се сменија, имате знаење насекаде околу вас.

Иако, оваа претставува голема придобивка за општеството, сепак претставува голем проблем за претприемачите. Премногу информации, конфликтни информации, збунетост, одолговлекување, губење на време и пари… Се сеќавате на мојот дијаграм од вчерашниот пост? Ако не еве го повторно.

вообичаен претприемачки процес

Затоа и го креирав премиум претприемач, кој едноставно ќе го извлече најпотребното и најиновативното за секаков вид на бизнис и ќе биде презентирано во форма разбирлива за секого што преку алатките, темплејтите и “да направам” листи ќе се имплементира во бизнисот.

Учење понекогаш претставува стагнирање

Да напоменам, тука зборувам за претприемачи и за бизнис и за самиот процес кој во над 90% од случаи се применува од претприемачи. Не велам дека знаењето и учењето не е потребно. Како што ќе видите (нормално доколку читате до крајот) тука зборувам за пристапот на учењето.

Да седнеш и да учиш за да можеш да примениш во бизнисот претставува најголемата глупост што можете да ја направите денес. Но, токму тоа го правиме со пропагирањето на цврста основа на планирање. Зошто? Затоа што подготовка на бизнис план значи да научите за тоа што ќе го напишете. Но прашањето е повторно, дали ви треба?

За да бидете успешни, не смеете да си дозволите да трошите денови, недели или пак месеци во истражувања и проучувања со седење на компјутер или пред некоја книга. Денес, тоа претставува ваша стагнација, не како личност (бидејќи се што ќе научите ќе го зголеми вашето знаење) туку како бизнис, затоа што ќе доцните со преземање на конкретни акции и чекори. А, во деловниот свет кога доцните знаете што значи, не мора да објаснувам.

Денес мора да учите преку преземање на акции

Пред неколку години по едно обемно истражување издвоив 15 фактори на успешност на претприемачите. (Морам да напоменам дека тие се веќе застарени, иако денес се користат од многу експерти. Новите фактори ќе бидат презентирани за првпат во вториот модул на премиум претприемач 2.0.). Во тие 15 фактори првиот и најважен е преземање на акција.

Досега многу пати пишувавза учење од грешки и брзи неуспеси или грешки. Тоа е актуелно и останува актуелно.

Доколку преземете акции, вие едноставно ќе си дозволите да грешите. Тоа е едно од најиновативните размислувања за вас како претприемачи.

А, денес како еден претприемач не смеете да си дозволите да не грешите.

Да направите нешто погрешно е многу подобро отколку да не правите ништо исправно. За разлика од минатото кога можеше да си дозволиме да учиме па да дејствуваме, денес веќе нема простор за размислување. Денес морате да учите преку фидбек, тоа е основата за вашата успешност.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*