Запиши, нема да заборавиш. Секогаш не учеле така!
Кога појдовме во прво одделение имавме тетратка во која учевме да пишуваме. Во средно по секој предмет носевме тетратки во кои фаќавме белешки. На факултет, една тетратка или нотес повторно полн со белешки…
На првото работно место и првиот состанок кај шефот со тетратка или нотес за да забележиме што ќе работиме…
Но, сето тоа друг ни го наметнал. Учителката, наставниците, асистентите, професорите, родителите, шефовите…
Но, има повеќе од еден проблем.
Прво, денес не мораме да запишуваме, можеме да снимиме. Денес не мораме да го носиме “тефтерот” со нас, тој е во секој наш уред било каде и да сме.
Но и тоа не е проблем, проблемот е еден чекор понапред… Што потоа?
Можете да имате десетици тефтери, тетратки… Можете да имате илјадници нотеси во вашиот Evernote акаунт. Но, што потоа…
Можете да имате различни рамки, со црвена боја, подвлекувања… Но, тие се само во тевтерот или Evernote или Word документ. Што доколку не се завршуваат работите?
Вашата книга со бизнис идеи може да има илјадници идеи, вредни илјадници евра… Но, доколку не се имплементираат тие се обичен лист хартија.
Постојат успешни луѓе кои воопшто не запишуваат, снимаат или бележат. Немаат потреба за тоа, затоа што веднаш имплементираат.
Затоа, не е до заборавањето… Може да биде заборавено и на хартија и на Word документ и во Evernote акаунт. Најискрено, колку белешки имате во било каква форма?
Важен е процесот на завршување на работите и бришење на она што е во мозокот, на хартија, Word документ или Evernote акаунт.
Заборавањето е наша природна особина. Но, завршување на работите се чини не е. Тоа е процес. Нешто што бара вежбање, стандардизација, подобрување и имплементација.
Еден од најдобрите процеси е GTD (Getting Things Done) од David Allen, иако морам да напоменам дека не гарантира резултати, без прилагодување и обврзување за реализација… Процесот го напоменавме во Evernote и GTD каде можете да го видите и дијаграмот на истиот.




Speak Your Mind