post

Не што тие велат дека сакаат или што ти мислиш дека сакаат

Маркетинг пораки Она што мислам дека го сакам и она што навистина сакам понекогаш е сосема различно.

Што ти мислиш дека сакам е различно од она што јас навистина сакам.

Ова се случува кога ти не ја знаеш суштината на моите потреби.

Ова е вистински проблем за сопствениците на малиот бизнис, претприемачите и луѓето кои се занимаваат со маркетингот. Денес, пак во времето во кое што живееме можеби и уште потешко да се дознае.

Доколку одам во една кафетерија да испијам кафе, во најголем број на случаи не одам заради кафето иако не е за потценување и квалитетот на кафето кое се служи. Можам да пијам кафе било каде околу мене, барем тоа денес е лесно (на секој чекор има кафетерија). Можам да пијам кафе дома, во канцеларија, кај пријатели… Но, вистинската причина зошто одам во кафетерија е да ја избегнам дневната рутина и да се видам со луѓе со кои сакам да се видам и да разговарам, разменам мислење, комуницирам…

Ако ја земеме облеката како еден друг пример, денес не можеме да кажеме дека се облекуваме бидејќи не е соодветно да одиме голи. 🙂 Иако тоа е една од основните причини зошто се облекуваме. Но, денес таа причина не се користи и ние не купуваме поради таа причина, бидејќи тоа е нормално. Ние сакаме и имаме потреба од облека која ќе изгледа прекрасно на нашето тело. Понекогаш сакаме нешто што е во тренд. Понекогаш купуваме облека која ќе ја покаже нашата личност на еден прекрасен начин.

Како што може да забележиш од овие два примери, постојат повеќе потреби за потрошувачите отколку само една.

Она што мора да го напоменам и она што мора да го знаете како еден претприемач е дека понекогаш вистинските потреби може воопшто и да не постојат. Твојата работа тогаш е да ги креираш доколку сакаш твојот бизнис да успее.

Застани за момент и размисли за сите твои производи или услуги. Кои се потребите кои тие ги задоволуваат на твоите потрошувачи?

Сега, предлагам да одиме со некои препораки кои можете да ги искористите за бреинстормирање на различни потреби на твоите сегашни или потенцијални потрошувачи колку што може повеќе.

  • Започни со нивното јавно кажување за она што тие го сакаат.
  • Направи листа за нивните јавни потреби.
  • Обиди се да влезеш во нивниот мозок. Што ти тогаш би сакал?
  • Продолжи со размислување за она што тие го сакаат.
  • Направи прашалник и прашај ги што сакаат.
  • Анализирај ги нивните одговори и оди подлабоко за да ги откриеш можните скриени потреби.
  • Разговарај со нив за нивните најголеми фрустрации и сонови.
  • Прашај го твојот продажен тим за нивното искуство со твоите потрошувачи.
  • Направи листа на нивните скриени потреби кои што ги откри преку прашалникот, твојата директна конверзација и твојот продажен тим.
  • Проучи ја листата која што ја направи преку оваа вежба и направи приоритизација на потребите.
  • Имплементирај ги откритијата во твоите производи, услуги и воопшто во твојот бизнис, но биди сигурен дека имплементацијата ќе оди согласно приоритизацијата.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*