post

Некои индикатори за состојбата на стартапот

Кога станува збор за стартапи веќе повеќе пати нагласив дека тие претставуваа привремени организации кои едноставно ја тестираат својата способност да опстојат како главен бизнис.

Во лин стартап модулот кој во текот на овој месец најверојатно ќе биде испорачан за Премиум претприемач 2.0 основата на која најмногу се базираме е токму тестирање. Таму, составив еден цел процес од А до Ш низ кој треба да помине еден стартап.

Тука би сакал малку да нагласам некои индикатори за состојбата на стартапот.

Знаеме дека самиот процес бара пивотирање. Знаеме и дека во соодветно време ќе треба да пивотираме. Но, што треба да следиме за да донесеме вистинска одлука дека е потребно пивотирање и особено таа одлука да биде навремена одлука. Оваа е потребно затоа што секоја ненавремена одлука ја зголемува веројатноста на смртност на еден стартап.

Најгенеролно гледано индикациите можат да се поделат на две главни групи.

  • Внатрешни индикатори кои зависат само од вас, членовите на вашиот стартап тим и самиот стартап. Овие индикации не зависат од никој од надвор. Не зависат од купувачот, конкуренцијата, партнерите… едноставно тука ги следите постигнувањата во однос на производот или услугата, некои основни маркетинг активности кои ги реализирате, процесите и системите кои ги дизајнирате и имплементирате…
  • Надворешни индикатори се веќе оние индикатори кои не зависта ниту од вас како претприемач, ниту од вашиот стартап тим, а ни од самиот стартап. Тука станува збор за сите оние индикатори кои бараат акција од страна на потенцијални купувачи, купувачи, партнери, конкуренти… На пример, кога станува збор за овие индикатори вие како еден претприемач можете да го следите бројот на купувачи, приходи генерирани од купувачи, конверзија на потенцијални купувачи во купувачи, прибирање на финансии или ресурси од партнерите, број на посети на веб сајтот, број на регистрирани за њуслетер…

Многу е важно да имате систематски приод во прибирање и анализа на информации кои ги презентираат овие индикатори. Врз основа на нив ќе треба да донесете важни одлуки. На пример, мал број на регистрирани њуслетер ќе бара измени во веб сајтот. Мала стапка на конверзија ќе бара измени во пристапот кон потенцијалните купувачи или пак промена во карактеристиките на производот или услугата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*