post

Обука на Тема Интернет Маркетинг

Светот на бизнисот и секако светот во кој функционира еден претприемач е целосно променет во последниве 10-тина години. Постојат нови медиуми и нови технологии кои се користат секојдневно како од самите бизниси така и од самите потрошувачи – индивидуалци. Се почесто традиционалните медиуми се заменуваат со нови кои во голем дел егзистираат и функционираат на интернетот. Повеќе за овие промени можете да прочитате во Влезен маркетинг – Inbound Marketing.

Штотуку прочитав дека во организација на Центар за нови медиуми ќе се одржи обука на тема за интернет маркетингот насловена како: Интернет маркетинг. Не е мистерија!

Како што е наведено на веб страната на Центарот за нови медиуми оваа обука е наменета за:

  • Сопственици и менаџери на мали и средни компании
  • Директори на продажба и маркетинг
  • Маркетинг специјалисти
  • Специјалисти за односи со јавност
  • Специјалисти за електронска трговија
  • Ентузијасти кои имаат потреба да научат како Интернет маркетингот треба да се вклучи во постоечката маркетинг стратегија.

На истата веб страна можете да ја погледнете и агендата која опфаќа извонредни теми од областа на интернет маркетингот како и да се пријавите за учество на обуката. Бројот на учесниците е ограничен. Краен рок за пријавување е до 29.03.2010 додека обуката ќе се одржи на 30.03.2010.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Благодарам за објавата Драган. Се надевам дека ќе има твои читатели на кои ќе им биде од корист оваа бука 🙂

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Би требало Дарко, мислам дека оваа тема треба да биде ставена во категорија на задолжителни за сите сегашни и идни претприемачи.

  2. бука = обука 🙂

Speak Your Mind

*