post

Оценка и контрола на меѓународна стратегија

Оценувањето и контролата на меѓународната стратегија се последни фази во процесот на реализирање на меѓународниот менаџмент.

Исто како кај домашните така и кај меѓународните компании, доколку контролата не е адекватна се јавуваат различни проблеми во работењето. Контролата во транснационална компанија зависи од добиените податоци и информации.

Проблемите поради растојанието, јазикот, неизедначениот кадровски потенцијал, како и постоењето на други проблеми, значително ги зголемуваат потешкотиите за обезбедување на точни информации. Начините за надминување на овие проблеми се преку поставување на исти стандарди во работењето за секоја филијала, без оглед на тоа во која земја се наоѓа.

Менаџерите можат да формираат стандарди за продажбата, за трошоците, за производството, за квалитетот, за профитабилноста и врз база на овие стандарди успешно да ја изведуваат контролната функција. Утврдените девијации кои произлегуваат од споредбата помеѓу остварените резултати и предвидените, треба да бидат испитувани и да бидат утврдени причините за таквите отстапувања.

Доколку девијациите се надвор од поставените граници треба да се преземе корективна акција. Оваа стратегија има и свои противници, бидејќи ваквиот начин на контрола ја намалува самостојноста во работењето и одлучување во филијалите, па постои опасност поради постоење на специфичностите на секој пазар, да се занемари некој потег, кој може да биде клучен за работењето на филијалата во таа земја.

Има компании кои се успешни во работењето со централистичкиот начин на работење, но има и компании што се успешни и со демократскиот начин на работење. Врз основа на овие заклучоци, сметаме дека успешноста на компаниите зависи од способноста на вработениот кадровски потенцијал, како и од тоа со што компанијата работи. Недозволено би било McDonalds да работи секаде различно, но има и компании на кои не им пречи различноста во работењето помеѓу различни филијали.

Поставувањето на камери, праќањето на контроли, споредувањето со резултатите кои ги постигнува конкуренцијата, барањето на детални извештаи и слично, овозможува остварување на зголемена контрола помеѓу планираното и оствареното, а со тоа и до постигнување на подобри деловни резултати.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*