post

Од домашно во меѓународно работење

Кога ќе се премине од домашно на меѓународно работење, се менува комплексноста во работењето. Врвниот менаџмент мора да изврши ревизија на мисијата и целите. Тие мора да ги оценуваат стратегиите од аспект на можностите и ограничувањата кои ги наметнува новото опкружување, како и нивните јаки и слаби страни.

Секоја компанија работи и дејствува во определено опкружување. Од меѓусебната јачина на сите чинители на опкружувањето ќе зависи и силината на меѓусебното влијание. Голем број на фактори кои дејствуваат од опкружувањето можат да се контролираат, но има и голем број на фактори кои влијаат на работењето на компанијата, а не можаат да се контролираат.

Доколку се набљудува меѓународното опкружување, мора да се смета на голем број на фактори, бидејќи случувањата во меѓународното опкружување се менуваат многу често, а променливите се во огромен број. Тие промени на меѓународните менаџери им создаваат големи обврски во процесот на усогласување на интересите на компанијата со интересите на опкружувањето.

При отпочнување со глобалното работење менаџерите мора да водат сметка за разни видови на ризици, согласно со комплицираните економски, политички и социокултурни сили.

Глобалната конкуренција подразбира понуда на производи со висок квалитет и со прифатливи цени, како резултат на намалување на трошоците на производството. Тоа подразбира набавка на суровини по најниски цени, обезбедување најевтини енергенси, ангажирање најквалитетна и најевтина работна сила, вршење најефикасни истражувања за да може да пласираат нови техники и технологии, да може да се пристапи до квалитетен пазар и да се работи во држави со најмали даноци или со други бенефиции.

Менаџерите треба да бидат информирани за глобалните фактори кои делуваат во светот. Иако постојат повеќе јазици сепак во светот доминира англискиот јазик, а со оглед на неговата широка респространетост, сега е можно во сите земји да се користи при бизнис договарања.

Еден од значајните фактори за маѓународната економија претставува религијата и нејзиното учење. Во христијанството, особено кај протестантите, верските учења се движат во насока на тоа дека е должност на луѓето да работат и да штедат. Овие учења претставуваат плодна почва за развој на бизнисите.

Религииските односи во Индија главно се насочени кон духовниот развој на поединецот, па создавањето на богаство за овие луѓе претставува второстепена задача. Бидејќи Индија е држава со голем број на жители, со изразени социјални проблеми, помладата генерација се почесто ги става економските прашања пред религииските.

Будизам кој што е распространет во Јапонија, каде што се промовира Конфучискиот начин на размислување, подразбира лојалност на вработените кон компанијата, лојалност на подредените кон претпоставените, но и лојалност на претпоставените кон вработените. Овие ставови придонеле за големиот развој на Јапонското општество и Јапонската економија.

Исламот не се противи на бизнис, бидејќи и самиот пророк Мухамед бил трговец. Нивното верско учење се спротивставува на нефер заработки, што се гледа во забраната за наплата на камати.

Поврзувањето на земјите преку светскиот пазар развива потреба за прифаќање и почитување на разни култури, верски и национални убедувања, народни обичаи и навики. Современиот менаџер се препознава по своите толеранции кон овие разлики.

Меѓународниот менаџер треба да го издигнува својот деловен интерес и позитивните цели над сите особености со индивидуални обележја во комуницирањето со меѓународниот партнер. Договарањето е можно со секој кој има цивилизациски однос и кој ги почитува меѓународните правила на бизнисот.

Иако постојат разлики во сфаќањето дека културата станува похомогенизирана, а глобализацијата на пазарите зазема се поважно место во денешните напредни технологии, во транспортот и комуникацијата, сепак континуирано се случуваат мултикултурни бизнис грешки, кои стануват реалност во меѓународниот бизнис. Тоа значи дека формулирањето на глобалната мултинационална стратегија на претпоставката на културна хомогеност надвор од географските граници, може да биде несоодветна.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*