post

ОСТВАРЛИВА ЦЕЛ – ОСНОВА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ

Сите бизниси функционираат врз основа на поставување на цели и реализација на одредени активности за да се остварат тие цели. Поставената цел е таа која го води бизнисот на патот кон успехот. Без цел нема ни успешен бизнис, целта е таа која го померува бизнисот од status quo состојбата. Целта може да биде зголемување на продажба за толку и толку проценти, зголемување на приход за толку и толку проценти, зголемување на профитот за толку и толку проценти, зголемување на учеството на пазарот за толку и толку проценти…

Cel Многу често се случува бизнисите да пропаѓаат и како главна причина да биде нереално поставената цел. Оваа нереално поставена цел е целта за која знаеме дека не можеме да ја оствариме. Ние можеме лесно да поставиме цел за зголемување на приходи за 100%, но не е лесно да се остварат тие 100% зголемување. Затоа кога поставуваме цел треба да тргнеме од размислување дали ќе можеме да ја оствариме таа цел инаку подобро е воопшто да не поставиме таква цел.

Некои професионални програми за изработка на бизнис планови воопшто не ви даваат да пишувате проценти кои се неколку пати поголеми од просекот на индустријата за која се однесува Вашиот бизнис план. Многу пореално зголемување на приходи е 10-30% одколку зголемување на приходи од над 100%. Не, дека 100% зголемување не е остварливо, за некои бизниси и претприемачи можеда биде остварливо, но за некои и повеќето нема шанси. Затоа е потребно да се примени систематски приод во поставување на целите.

Како да се изведе тој систематски приод? Еве некои чекори кои во најмала мерка би требало да ги примените:

  • Постојано следете ги бројките на Вашиот бизнис:
    • Продажба
    • Приходи
    • Профит
    • Готовински тек
  • Најдета ја меѓузависноста на тие бројки
  • Видете како во минатото се зголемувале тие бројки на годишно ниво и колкав е процентот на тоа зголемување
  • Размислете колку нови потрошувачи ќе ви треба за остварување на некоја цел која ќе претставува зголемување на тие бројки
  • Размислете дали и како би можело тоа да се оствари
  • Доколку може и знаете како да се остваи тогаш вашата цел е реална и остварлива.

Поставете ја како цел за нареден период таа која е реална и остварлива. Ова ќе овозможи:

  • Постигнување на целта
  • Зголемување на потенцијалната енергија на претприемачот и на вработените во бизнисот заради остварување на целите
  • Остварување на плановите и зголемување на ефикасноста и ефективноста на бизнисот
  • Среденост на целиот бизнис систем бидејќи нема да се брка она што не може да се оствари.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*