Претпреимништво не е процес во кој се ќе биде онака како е испланирано, или пак онака како што претприемачот сака да биде.
Тоа не е возможно. Никогаш. Затоа и не е лесен процес.
Ќе има повеќе падови отколку успеси во самиот процес. Но, процесот завршува само доколку вие како претприемач не успеете да станете по секој пад и да продолжите по корегираниот пат кон успехот.
Затоа не гледајте во падот како нешто трагично, тие се неминовни и ќе постојат. Но, прашањето е колку ќе сте истрајни и упорни за да станете и да продолжите, бидејќи трагично е да не успеете да станете.
За да успеете да станете ќе морате:
- Падовите на некој начин да ги планирате. На пример, започнувате со нешто мало за да видите какво влијание ќе има на вашиот бизнис, а потоа го прилагодувате доколку нешто не е во ред.
- Да бидете свесни дека падовите се нормални случки во претприемачкиот процес. Без свесност дека тие ќе бидат присутни во вашиот претприемачки пат, ќе бидат сватени како нешто трагично.
- Да го елиминирате стравот од паѓање. Стравот претставува опасна пречка за секој претприемач. Дури се поставува и прашањето дали еден претприемач може да биде претприамч доколку стравува.
- Да ги менаџирате падовите. Потребно е да бидете менаџер на сопствените падови. Не треба да дозволите да се случат без да имате систем за менаџирање да станете.
- Да имате стратегија за станување. Да, потребна ви е стратегија. Доколку ги планирате падовите, ќе имате и стратегија за тоа како да станете, да продолжите. И не само тоа, кога ќе станете да станете уште посилни од претходно.
- Да научите нешто од секој пад. Лошо е доколку падот остане така, без да ја сфатите пораката од тоа зошто сте паднале.
Уште еднаш, морате да сфатите дека доколку не успеете, паднете не е крај на светот во претприемчкиот живот. Тоа е почеток на еден нов свет, свет во кој сте посилен вие, збогатен со ново искуство, ново знаење…




Speak Your Mind