post

ПАРАДОКС ВО МАРКЕТИНГ

Која е основната цел на маркетингот? Да донесе колку што може повеќе потенцијални потрошувачи во Вашиот продажен тунел. А, зошто се користи маркетинг за привлекување на потенцијални потрошувачи во продажен тунел? Затоа што постојат и други бизниси како Вашиот и Вие сакате повеќе да привлечете од другите конкурентски бизниси. Но, постои едно непишано правило дека маркетинг единствено не е потребен на монополски бизниси. Маркетинг не е потребен на државни служби кои служат да нудат услуги на граѓаните а се финансираат од буџетот на државата кој пак е финансиран од сите нас, даночни обврзници.

Значи доколку потрошувачите немаат избор за некоја услуга мора да ја остварат на тоа место. Денес скоро и да нема кај нас некои монополски бизниси кои ги паметевме во минатото како Телеком. Но, онаа интересно што сакам да го наведам со овој напис е една реклама која ја гледам во последно време при започнување на вести на нашата сакана национална телевизија која мака мачи во последните 10-тина години како да обезбеди финансии.

Започнуваат вести со оној добро познат часовник за кој паметам уште кога бев многу мал, а во позадина реклама. И не е чудно што има реклама, но чудно ми е тоа што на рекламата е Центрлен регистар на Република Македонија. И не би било ништо чудно доколку услугите што ги дава тој Централен регистар можеме да ги добиеме и на друго место па се борат за повеќе клиенти. И не би било чудно доколку тоа е некоја приватна компанија.

Она што го знаеме е дека: 2009-05-30_185326

  • Секој бизнис мора да се регистрира преку централен регистар и да плати за услугата
  • За било каква друга работа со банка или некоја друга институција ќе ви бараат еден документ од централен регистар за кој мора да платите
  • За секоја промена на рaботно време за Вашиот бизнис ќе мора да пријавите во централен регистар и да платите
  • И што уште не за што единствено таму може да се заврши работа и мора да се плати.

Еднаш еден странец консултант ме праша зошто не ги користиме услугите на централен регистар на работа кај што работам – државна служба (уште пола месец) му одговорив дека тоа е еден голем профитен центари се се плаќа. Тоа му беше несватливо на човекот.

Од ова можеме само да претпоставиме дека во оваа време на рецесија кога сите бизниси се жалат од падот на продажбата и недостаток на финансии, овој „профитен центар“ има ВИШОК на пари собрани од грбот на претприемачите и бизнисите и од БЕС со кој не знае каде да ги потроши се рекламира на национална телевизија. Или пак националната телевизија има потреба од финансии заради недостаток на програмска креативност па некој мора да излезе во пресрет со тоа што ќе се потрошат парите од претприемачите и бизнисите. А верувајте многу ги има. За кредит од банка мора да приложите документ кој се зима од централен регистар. За да отворите сметка ќе мора да земете документ од централен регистар. Да дадете полномошно на декларант за царински постапки мора да дадете и документ од централен регистар. А за секое документче плаќате. И што е најинтересно тие имаат обезбедено сигурна работа преку:

  • Потреба. Секогаш постои и ќе постои потреба за тие документи се додека не се смент некои прописи.
  • Ограниченост на важност. Секој од тие документи важи ограничен временски период, па така ќе мора да го вадите повтроно и повтроно со што е обезбеден континуитет на потребата.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*