Навистина парите секогаш биле и ќе бидат потребни за започнување на бизнис. Но, сепак времињата се изменија. Денес се потребни и други елементи кои тука на претприемач ги нарекуваме како бизнис потенцијална енергија складирана во тебе, претприемачот.
Погледајте ја оваа кратка видео презентација која ја подготвивме за покажување на она што е потребно за еден претприемач за да започне бизнис. Од друга страна тоа и го создава оној финансиски капитал – парите.




Ми се допаѓа вашата страница и постојано ја следам, но како лингвист ми пречи тоа што употребувате англиски термини за зборови кои ги има во нашито јазик. Па дури и да нема соодветен израз, секогаш е подобро да се употреби некоја кованица во духот на македонскиот јазик отколку да се реши со македонизиран англиски збор. Оправданијата од типот дека подобро е да се употреби таков израз отколку македонски бидејќи никој нема да разбере, за нас лингвистите не држат бидејќи вие како медуим (заедно си сите останати во вашата област) ги наметнувате таквите термини и влиајете врз креирање на бизнис вокабуларот кај оние што ве читаат. Со надеж дека ќе го прифатите мојот коментар како добронамерен и дека како важна алка ќе придонесете против осиромашувањето на македонскиот јазик, ве поздравувавм и ви посакувам понатамошна успешна работа. Поздрав
Благодарам Нинди за твоите добронамерни критики.
Се обидувам да користам колку што може македонски термини, но очигледно ќе треба уште повеќе.
Во секој случај уште еднаш благодарам.
Ви благодарам и јас што не реагиравте веднаш одбранбено. Тоа ретко се случува кога човек дава критика. 🙂
Убав ден!