post

Подобрете ја вашата email маркетинг кампања во 2011

Подобрување на email маркетинг кампања

Подобрување на email маркетинг кампања

E-mail маркетинг претставува основа за бизнисите преку која можат да поттикнат комуникација со потенцијалните потрошувачи, да ја зголемат препознатливоста на брендот, да ги едуцираат потенцијалните потрошувачи, да соработува со потенцијални потрошувачи…

Во еден од претходните постови пишувавме за 8 чекори при дизајнирање на email маркетинг кампања за вашиот бизнис. Во овој пост би споделил неколку идеи за тоа како да започнете со подобрување на email маркетинг кампања за 2011.

1. Предмет (Subject Lines)

Предметот на еден email е основа за одлуката на примателот за тоа дали ќе го отвори за читање или не. Погледај во твојата статистика и разгледај ги email-овите и нивните премдети кои даваат најголем одговор (стапка на отворање). Замени ги сите предмети со слаба стапка на отворање и следи дали ќе се зголеми бројот на отворања за читање на тие пораки. Aweber нуди одлична статистика која може да ви помогне во овој процес.

2. Наслови во содржината на пораката

Откако ќе го погледне предметот и ќе донесе одлука за отворање на пораката, приметлот не започнува веднаш со целосно читање од почетокот до крајот. Тој ја скенира пораката и доколку има наслови ќе ги прочита првин нив за да види дали има во нив нешто за него интересно. Затоа разгледајте ги насловите на сите пораки заради можни подобрувања кои ќе поттикнат читање на целата порака или барем на она најважното за вас.

3. Содржина

Целта на вашата еmail маркетинг кампања може да биде различна. Содржината мора да биде дизајнирана така што ќе помогне за остварување на тие цели. Дали во содржината има доволно неодолива понуда. Дали содржината содржи доволно јасен повик за акција?

4. Најдобро време

Понекогаш одредено време за испраќање на порака може да доведе повисока стапка на отворање на email пораката. Погледнете во аналитиката и разгледајте ги временските интервали кои даваат најдобри резултати.

5. Фреквентност

Многу често испраќање на email пораки може да претставува причина за повисока стапка на отпишување (откажување од тоа да бидат дел од вашата еmail листа). Ќе мора да ја најдете оптималната зачестеност која ќе ви овозможи испраќање на максимален број на пораки со најниска стапка на откажување. More frequently emails send to your list can be the reason of higher unsubscribing rate.

6. Споделување

Разгледајте ги вашите пораки и запрашајте се дали се довлно социјално споделиви. Доколку не се, време е да содржат копчиња за социјални медиуми кои имаат потенцијал да поттикнат споделување од страна на примателот. Друга можност е да ги поттикнете примателите да ја споделат пораката преку социјални медиуми. Понекогаш копчињата нема да функционираат.

7. Сегментирајте ги примателите

Нешто што навистина ме нервира е кога примам премногу email пораки без да биде содржана вистинската причина за која за првпат сум се вклучил на таа листа. Погледнете во листата за да пронајдете однесување на членовите во вид на отворени email-ови и кликнати линкови. На ваков начин ќе идентификувате сегменти и ќе ја подобрите содржината за секој сегмент. Во еден таков начин, ќе имате различна содржина за различен сегмент.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ivona says:

    Zdravo,

    Vakvi mail kampanji vo koja programa mozeme da gi izrabotuvame?

    Pozdrav

    • Ивона, можам да зборувам само за она што сум го користел или онаа што го употребувам уште. Користам Aweber и тој е одличен систем за оваа намена. Го користам и Mail Chimp но бесплатна верзија и мислам дека има некои ограничувања, во однос на подесување на кампањи. Сум го користел и Get Response пред неколку години и знам дека се добри, но не успеав една работа да ја истерам до крај со нивниот Customer Support и ги сменив со Aweber.

      • Ivona says:

        Фала многу за советот и јас исто го користам Mail Chimp не е лошо но сакав да пробам и со други за да постигнам поголем ефект 🙂

Speak Your Mind

*