post

Со подобрувања во следниве подрачја до раст на бизнис

Секогаш, ама баш секогаш една од главните цели на секој претприемач е да обезбеди солиден раст на бизнис. А, како можете да го обезбедите таквиот раст?

5 подрачја за раст на бизнис

Едно нешто е јасно, а тоа е дека растот се обезбедува преку подобрување, односно првин преку зголемена продажба, а со тоа и профитабилност. Зголемена продажба, односни приходи и профитабилност ќе се постигнат само преку соодветни постојани подобрувања.

Сега, прашањето е што треба да подобрувате. Лесно ќе дојдеме до листа од стотици или илјадници можности за подобрувања кои обезбедуваат раст на бизнисот. Но, ајде тука да ги групираме во оние кои директно влијаат на зголемување на приходот и профитот, а ако продолжите понатаму ќе дојдете до тие стотина или илјадници можности за подобрување.

1. Проширување на асортиманот на производи или услуги

Внесување на нови производи или услуги во асортиманот на вашата понуда е еден од начини за обезбедување на нови купувачи на вашата компанија, а со тоа и зголемување на приходи и профитабилност на бизнисот воопшто. Секогаш имате можност за подобрувања во оваа подрачје.

2. Зголемување на бројот на купувачи на вашиот бизнис

Второто подрачје во кое секогаш ќе можете многу да направите е да го зголемите бројот на купувачите кои купуваат во вашиот бизнис. Ако имате 1000 купувачи месечно, да имате 1300 или пак 1500 нови купувачи. На таков начин тековните приходи ќе се зголемат, а со тоа ќе се зголеми и профитабилноста на вашата компанија.

3. Зголемување на фреквенција на купување од еден купувач

Како трето важно подрачје во кое можете да побарате простор за раст на вашата компанија е зголемување на фреквенција на купување од страна на еден купувач. Ако еден купувач купува три пати месечно наместо еднаш, во исти услови што значи дека нема да постои намалување на износот на едно купување, тоа значи директно зголемување на приходот, а со тоа и профитабилноста.

4. Зголемување на износ на просечна трансакција од едно купување

Секако раст можете да обезбедите и преку зголемување на просечниот износ на една трансакција од страна на еден купувач во вашиот бизнис. Не е исто ако имате 10.000 денари просечна трансакција и 15.000 денари просечна трансакција. Тоа е факт. Поголема трансакција води до поголеми приходи, а поголеми приходи водат до поголема профитабилност.

5. Намалување на трошоци преку зголемување на ефикасност и ефективност

Петото и последното подрачје кое ќе овозможи раст на вашиот бизнис првин преку зголемување на профитабилноста е да успеете да ги намалите трошоците преку зголемување на ефикасноста и ефективноста на процесите кои постојат во вашиот бизнис и кои ја креираат и дистрибуираат вредноста до вашите купувачи.

Оваа се пет основни подрачја каде што можете да подобрувате и подобрувате и подобрувате… Дали ќе изберете едно подрачје или ќе ги комбинирате сите зависи од вас. Најдобри резултати ќе постигнете со постојани пдообрувања комбинирано во сите подрачја.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*