post

Поставување на прашања за зголемување на вашиот потенцијал

Прашања, но не било какви туку критични прашања се единствени можности кои го зголемуваат креативниот потенцијал кај секој претприемач.

прашања

Добро, прашањата не даваат резултати и тоа е факт. Но, сепак тука зборувам за бизнис потенцијална енергија која се зголемува со нив, а бизнис потенцијална енергија не е нешто што дава резултати. Резултатите бараат бизнис кинетичка енергија.

Сепак, во најголем број на случаи вистински прашања на вистинско место може да претставуваат силен мотивирачки фактор на онаа што всушност ќе претставува трансфер на потенцијалната во кинетичка енергија како набљудување, барање на одговори, експериментирање, разговарање, преземање на акција…

Претприемчите се соочуваат со два вида на прашања:

  1. Секојдневни прашања мкои бараат одговор заради одржување на постоечкиот правец во кој се движи бизнисот. Овие прашања се очекувани прашања при што одговорите се познати или лесно достапни некаде за претприемачот. Колкав приход реализиравме вчера? Како се движат оперативните трошоци на компанијата? Кој е одоговорен за појава на тој проблем? Како да го решиме тој и тој проблем? Кој ќе присуствува на состанокот за започнување на нов иновативен проект? Овие прашања се некои примери кои спаѓаат во оваа група на прашања.
  2. Провокативни прашања кои понекогаш може да бидат на линија на научна фантастика но кои сепак се потребни заради креирање и подготовка на иднината и идниот пат по кој ќе се движи бизнисот. Интересно е што овие прашања се доста проблематични, особено што одговорот никој не го знае со сигурност ниту пак може да го најде лесно. Сепак, тоа се прашања кои отвораат доста теми за размислување, кои бараат вклучување на повеќе луѓе, кои бараат повеќе набљудувања, тестирања и екпериментирања од страна на претприемачот и севкупниот бизнис тим. Од друга страна, овие прашања иако даваат поголем потенцијал, сепак не се доаѓа лесно до нив.

Тука ќе се обидам да обезбедам еден систематски пристап кој можете да го користите за оваа намена.

  1. Користете бележник или пак едноставно креирајте нов нотес во вашиот Evernote. Целта е секогаш да можете да ги забележите прашањата кои ќе бараат одговор бидејќи едноставно оние провокативните прашања кои имаат потенцијал да го променат светот ќе ви дојдат на ум без разлика каде се наоѓате.
  2. Бреинстормирајте прашања со вашиот бизнис тим. Обидете се на определен временски пеирод со вашите најблиски соработници да спроведете бреинсторминг сесија преку која ќе дојдете до критични провокативни прашања на кои ќе барате одговори во следниот период. На таа сесија нека има само едно правило, а тоа е прашањата и одговорите да не се познати.
  3. Секој проблем анализирајте го преку прашања. Вообичаено забележувам дека повеќе сакаме да даваме изјави за проблеми во стилот на „постои проблем заради тоа и тоа и ќе направиме тоа и тоа”. Ако се обидете таквите изјави да ги трансферирате во прашања во стилот на „Зошто се појавил проблемот?”, „Како се појавил проблемот?”, „Зошто причината за појава на проблемот се појавила?” и други слични прашања ќе забележите дека одговорите во целост ќе ја заменат иницијалната изјава.
  4. Одвреме на време проверете во Evernote на кои прашања сте одговориле, а кои сеуште треба да се одговараат. Следете го прогресот бидејќи како што веќе знаете прашањата не генерираат резултати туку само претставуваат добра потенцијална основа за одлични резултати во иднина.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*