post

Преглед на книга: Crush It!

Преглед на книга: Crush It!

Преглед на книга: Crush It!

Пред неколку дена ја грабнав и ја прочитав оваа книга која е насловена како Crush It!: Why NOW Is the Time to Cash In on Your Passion. Ја купив затоа што претходно знаев за успехот на авторот Gary Vaynerchuk во огромното „раснење“ на неговиот семеен бизнис (продажба на вино) од неколку милиони долари годишно на неколку десетици милиони годишно.

Овој успех го постигнува навистина релативно млад со помош на Wine Library TV. Погледнете (иако можеби не сте заинтересирани за вино) само како успешно ги изведува тестирањата на различните вина. Но, она што мене ми се допадна, а најверојатно и на милионите луѓе низ светот е што она вино за кое смета дека не му се допаѓа го изразува навистина искрено и доста сликовито.

На што се однесува книгата?

Ако треба да дадам со една реченица одговор на тоа на што се однесува оваа книга би го кажал следново:

Користење на микс од самата претприемничка личност и новата технологија за градење на неверојатен бренд преку кој ќе се обезбеди раст и развој на бизнисот.

Книгата едноставно претставува краток преглед на успехот на авторот, односно како навлегол во бизнис светот, што правел, што користел и како сето тоа успеал да го имплементира во раст и развој на бизнисот.

Она што може да се извлече како препорака на авторот во книгата е следново:

  • Започни со она што навистина сакаш да го работиш.
  • Гради свој личен и уникатен бренд.
  • Креирај содржина.
  • Биди реален.
  • Избери платформа/платформи за испорака на таа содржина.
  • Направи светото едноставно да те слуша, чита или гледа.
  • Монетизирај.

Како што забележувате монетизацијата е на крај, додека самите Вие сте на почетокот. Во книгата сите овие елементи се разработени преку примери на користени технологии и процеси за еден ваков успех.

Карактеристики на Crush It!

Како основни карактеристики на оваа книга би ги идвоил следниве:

  • Кратка. Книгата има вкупно 142 страни кои едноставно за два дена ги поминав. Можеби нешто би можело во поголеми детали да се опише, но сепак како опис на еден процес или еден претприемнички пат за сегашноста и иднината е доволно за да се навлезе во суштината.
  • Лесна за читање. Авторот не користи стручна или неразбирлива терминологија со што оваа книга е разбирлива за секого. Мислам дека не постои претприемач кој не слушнал за Facebook, Twitter, Youtube, Blog…
  • Полна со практични примери. Без теорија, но со примери кои се применети од страна на авторот во реалниот живот и дале успех. Примерите од реалниот живот на авторот или пак замислените примери навистина ја прават привлечна содржината.
  • Поттикнува акција. Секој дел од книгата едноставено ќе ве поттикне уште веднаш да пробате нешто ново, да направите обид и да го имплементирате она што ќе го прочитате. Всушност и последниот додаток на книгата претставува еден план на активности за спроведување на наученото или прочитаното.

За кого е наменета оваа книга?

Прва и основна намена на оваа книга е за сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се прилагодат кон новите бизнис текови кои едноставно стнуваат стандард. Во услови кога традиционалните маркетинг средства имаат се помалку влијание на потенцијалните купувачи секојдневно се појавуват нови технологии кои едноставно немаат примарна намена да служат како маркетинг средства, но всушност тоа се. За крајот би навел еден цитат од книгата:

Во декември 2008 година потрошив $7.500,00 за понуда на код за бесплтна испорака преку три маркетинг канали – одлична позиција на билборд во new Yersey Turnpike, директна пошта и радио. Билбордот донесе 170 нарачки. Радио кампањата донесе 240 кампањи. Директната пошта нешто повеќе од 300 нарачки. Го твитнав кодот (бесплатно) за бесплатна испорака преку Twitter и добив 1700 нарачки.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*