post

Фактори кои Претприемачот го Прават Успешен Претприемач

Претприемач може да биде успешен претприемач, но и неуспешен. Почесто можат да се сретнат неуспешни претприемачи отколку успешни. Тој процент е многу мал на успешноста и може да се движи од 1% до 2% од претприемачите кои што направиле обид да се занимаваат со оваа професија.

Поради овој факт од некои мои практични искуства како и од теоретските искуства на едни од попознатите светски бизнис консултанти (не универзитетски) направив една листа од 10 фактори кои влијаат или пак можат да влијаат на успешноста на претприемачот која не значи и дека е конечна. Освен тоа изготвив и една анкета на која можете да се вклучите со давање на Ваш придонес да се определи најважниот фактор во наши Македонски услови. На анкетата можете да пристапите преку: Анкета за анализа на фактори кои го прават претприемачот успешен.

Постојат многу елементи кои еден претприемач го прават успешен претприемач. Но, самиот спој на тие елементи во една комплетна личност навистина е невозможен. Целосна подршка давам на мислењето на Исак Адижес дека не постои уникатен склоп на елементи во еден човек кој ќе направи чудо во еден бизнис. Сепак се се врти повеќе околу тимот со кој се изведуваат бизнис активностите и склоп на тие различни елементи во различни членови на самиот тим.

Претприемач – Одлучувачки Фактори

Накратко ќе ги набројам овие одлучувачки фактори кои се опфатени во самата анкета во која постои можност да додадете и Ваш фактор по Ваше сопствено мислење и убедување. Подетално ќе ги опфатиме и анализираме по затворање на анкетата во еден посебен блог напис на претприемач.

Како 10-те клучни фактори ги избраве следниве:

  • Интелигенција
  • Талент
  • Знаење
  • Вештини
  • Истрајност
  • Среќа
  • Спремност да се работи 60, 80 или пак 100 часа неделно
  • Креативност
  • Врски
  • Искуство

Забележувате дека во оваа листа имам опфатено и фактори кои универзитетите или пак бизнис училиштата не ги анализираат а тоа е среќа и врски. За врските не треба ни да потенцираме колку претставуваат важен фактор во секој бизнис или пак во секоја сфера на нашето општество.

Посебно ќе ги опишеме и разработиме сите овие претприемнички фактори како и оние кои ќе ги наведете според Вас дека се најважни а ги нема опфатено во самата листа. Можете да дадете повеќекратни одговори односно да ги изберете сите, или пак да изберете повеќе од листата и да наведете плус некој од Вас. Повторно, до анкетата можете да пристапите преку следниов линк:

Анкета за анализа на фактори кои го прават претприемачот успешен

Се надевам дека и Вие ќе земете активно учество споделувајќи го Вашето мислење, знаење и искуство за оваа значајно прашање за претприемачите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*