Пред извесен период започнав со целосен редизајн на овој блог – претприемач. Но, она што ми беше целта е да го сменам логото по неколкуте забелешки од страна на пријатели и читатели. Претходното лого беше направено од моја страна на брзина и едноставно колку нешто да стои во хедерот. Но, оваа страна започна од едно хоби, од една желба за пробување, за учење и истражување. Па така заклучив дека мора нешто да сменам и малку да внесам повисоко ниво на професионалност. Првата точка на дневен ред беше лого и редизајн.
Редизајнот го изведов јас со одредени прилагодување на истата тема – мој фаворит Thesis. А логото го препуштив овојпат на професионалци. За новото идејно и оригинално решение на логото се погрижија дизајнерите на MKхост. Кога сум кај оваа компанија не можам а да не ги пофалам во професионалноста во водењето на бизнисот. Ја започнавме соработката пред половина година при што бев изненаден од нивната насоченост кон клиентите. Во овој момент нудат 20% попуст на сите нивни услуги едноставно со кодот за промоција letnashema. Повеќе можете да прочитате на блогот на MKхост (неспонзориран линк).
Да се навратам на логото. Резултатот од ова оригинално решение за логото беше следен:

Ново лого на претприемач
Она што го сакав е следното:
- Да биде едноставно
- Да асоцира со веб страната претприемач
- Да изгледа убаво.
Што се може некој да каже за ова лого:
- Претставува сијаличка која асоцира на идеи – текнувало во мозокот.
- Жолтата боја асоцира дека свети и дека функционира, т.е сијаличката е функционална.
- Доларот асоцира на бизнис и профитабилност на бизнисот и претприемачот.
Некој друг може да види нешто друго, но затоа е и логото – секој да го свати онака како што сака и да создаде сопствена претстава за нештото за кое се однесува тоа лого.




Logoto odgovara na stranicata spored mene treba malce povekje da se (is)potencira. Barem da ima potemni ivici. (moe viduvanje).
Moze li eden primer od straroto da mu smenam bukvata zamoi potrebi?
Здраво Ване,
Можеби си во право за ивици, но овојпат оставив целосно на дизајнери, оние кои си ја знаат работата.
А што се однесува до старото со промена на буква слободно искористи го за твои потреби.