post

Претприемничко предвидување – Пет принципи

Предвидувањето на еден претприемач како и било што друго има свои сопствени принципи кои мора да се знаат доколку претприемачот сака да имплементира успешно предвидување за сопствениот бизнис.

5 принципи на претприемничко предвидување

Претходно веќе опфативме неколку поважни аспекти за предвидување во серијата на написи на претприемач за претприемничко предвидување. Претходните наслови од овој серијал моете да ги прочитате во Предвидување како помош за претприемачот и Претприемничко предвидување – побарувачка.

Сега би сакал да претставам пет основни и најважни принципи на предвидувањето. Тие принципи се нешто што ќе се наоѓа пред очите на секој претприемач пред да го започне процесот на предвидување.

1. Предвидувањето е вообичаено погрешно

Да, ова е вистинито, но важно е да Вие како претприемач го знаете кога ја превидувате иднината. Не можете да очекувате 100% точност на предвидување. Ќе биде добро доколку имате 50% погодување во предвидувањата. Иднината е непозната и неизвесна.

Важно е претприемачите да го започнат предвидивањето со овој принцип во умот.

2. Предвидувањето е поточно за поблиската иднина

Нормално е доколку предвидувате за иднина која е поблиску до сегашноста да предвидувањето биде поточно. Зошто е ова нормално? Нормално е бидејќи полесно е да ја предвидиме нашата иднина за утре отколку за следната година. Нашата утрепнина е попредвидлива и помалку неизвесна отколку некој период по еден месец или пак една година.

3. Предвидувањето мора да содржи проценка на грешка

Бидејќи е очекувано предвидувањето да биде погрешно, вистинското прашање е за колку е погрешно. Како што веќе опфативме во претходниот дел Предвидување како помош за претприемачот најдобро е оваа грешка да се изрази како процент на разлика помеѓу реалноста и предвиденото. Оваа грешка може да биде позитивна или пак негативна и се изразува како позитивен или негативен процент. Доколку предвидувањето се однесува на продажба позитивна грешка ќе биде процент од поголема продажба генерирана во денари низ периодот на предвидувањето. Доколку имаме негативен процент како грешка за истото предвидување тогаш нашиот бизнис генерира помала продажба од она што сме го предвиделе.

4. Предвидувањето мора да се базира на историски податоци и фактори од надворешната околина

Не можете даочекувате дека ќе имате исти резултати од предвидување доколку на пазарот се појава нов конкурент. Ова значи дека не можете едноставно да ги земете во целост историските податоци за продажба или побарувачка и да ги зголемите за одреден процент за наредната година, бидејќи ќе се појават нови играчи на пазарот кои ќе земат парче од колачот (пазарот).

Историските податоци се важна почетна точка за секое предвидување во бизнис цели, но не е доволно за подобри резултати од предвидувањето. Вашиот бизнис постои во една околина каде сите делови од таа околина се во меѓусебна интеракција. Одлуките на едниот елемент влијаат на одлуките на другиот елемент.

5. Предвидувањето бара собирање и подготовка на податоците

Предвидувањето е многу поедноставно доколку подготвите квалитетни податоци кои се потребни за одредено предвидување. Предвидувањето е добро онолку колку што се квалитетни податоците на кои се базира. Поради тоа сите податоци мора да бидат запишани во иста форма која е потребна за целта на предвидувањето.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*