post

Прирачник за бизнис планирање, темплејт и алатки за бизнис план

Бизнис план е една доста популарна тема за која имаме доста пишувано, но и ќе пишуваме особено во 2012 година кога ќе опфатиме теми за едно сосема поинакво размислување во однос на еден бизнис план или подобро кажано процес на бизнис планирање.

бизнис план

Овој пост сакам да го искористам како информација за она што е додадено при регистрација за бесплатните билтени на претприемач. Имено, пред извесен период сите регистрирани за билтените добија пристап до:

  • Прирачник за процес на бизнис планирање
  • Бизнис план темплејт во MS Word
  • Алатки за процес на планирање и изработка на бизнис план во MS Excel кои служат за пополнување на темплејтот.

Овие алатки беа превенствено креирани минатата година за премиум членови на претприемач.

Така да сега како благодарност од наша страна за регистрација на билтените на претприемач ќе добиете:

  • Се за бизнис план (што напоменавме погоре)
  • Е-книга за блогирање за бизнис
  • 10 Бизнис темплејти
  • Калкулатор за готовински тек во MS Excel и
  • 10 Видео материјали за веб презентација на твојот бизнис.

Но, со ова ја завршуваме оваа година, а за следната уште многу материјали. Тука ќе ја најавм само е-книгата блогирање за бизнис за 30 дена која ќе биде полна со информации и совети (Се надевам дека ќе биде во јанураи). Истата планираме да биде споделена во две верзии како pdf книга, но и како epub и kindle книга, така да можете да си ги читате и преку омилениот ридер на вашиот мобилен или таблет. Ќе има и нова верзија на е-книгата за блогирање за бизнис надополнета со уште совети. И секако, останатите ќе останат изненадување, а ќе има многу.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Илија Митрев says:

    Почитуван Драган Шутевски!
    На семинарот на Машински факултет ни беше речено дека книгата за Иновации и претприемништво можеме да ја симнеме од вашиот сајт.
    Ќе ни објасните ли како можеме тоа да го направиме?

    Поздрав,
    Илија Митрев од Кавадарци

    • Здраво Илија,

      Сеуште чекаме потврда од банката, очекуваме дека овие денови ќе се заврши процесот и ќе бидете известени за линкот.

      Поздрав

Speak Your Mind

*