post

Размена на банери – Маркетинг средство 68

Полека, но сигурно се ближиме до таргетот од 100 маркетинг средства на претприемач. До крајот на оваа година се надевам дека ќе ја имаме листата од сите 100 маркетинг средства. За оваа недела, како 68-мо маркетинг средство е размена на банери.

Што претставува размена на веб банери?

Како 64-то маркетинг средство на претприемач ги разработивме веб банерите што всушност претставуваше одкупување на рекламен простор во вид на банер на друг веб сајт. Во овој случај состојбата е малку поинаку. Вие не плаќате со пари за тој веб простор туку со ист рекламен простор во вид на банер на Вашиот веб сајт.

Така да за размена на банери може да се каже дека претставува:

Процес во кој администратори на 2 веб сајта се договараат да размент банери при што администраторот на другиот веб сајт го поставува Вашиот банер, додека Вашиот администратор го поставува банерот на тој друг веб сајт.

Вообичаено во вакви ситуации се користи и принципот на реципроцитет во однос на позициите и димензиите на банерот или пак доколку еден од веб сајтовите е послаб во однос на посетеност обезбедува преговарачка предност на другиот.

Во секој случај оваа размена функционира на ист начин како и кај размена на линкови, како на сликата подолу.

Размена на банери

Размена на веб банери

На што треба да се внимава?

Во голем дел од она што важи за размена на линкови би важело и тука, само со додавање на уште некои елементи. Така да внимавајте на:

  1. Избор на вистински веб сајт за размена на банери. Секогаш тежнејте да правите размена со веб сајтови кои се барем на Ваше ниво по посетеност и авторитет.
  2. Следење дали банерот е сеуште тука.
  3. Анализа и мерење на успешноста од размената.
  4. Дизајн на банерот кој треба да привлече внимание, ќе прати кратка и јасна порака, ќе пренесе корисност и ќе го гради Вашиот бренд.
  5. Позиција каде ќе биде сместен банерот. Веќе споменав дека во зависност од авторитетот на Вашиот веб сајт и посетеност ќе можете да имате поголема или помала преговарачка моќ за позиционирање.

Не би сакал да должам повеќе со овој пост бидејќи има голема сличност сето она што досега го кажавме во Веб банери како маркетинг средство и Размена на линкови но би додал само уште една напомена. Не мора да значи дека размената мора да биде во взаемен простор на двата веб сајта. Можете да стекнете позиција на веб сајт на некој Ваш клиент со што ќе му овозможите попуст за Вашите производи и/или услуги или пак некоја друга против корист. Но, повторно внимавајте и запрашајте се дали вреди.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Размена на банери – Маркетинг средство — Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Httpool Macedonia, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac Novo: Размена на банери – Маркетинг средство 68 – Полека, но сигурно се ближиме до таргетот од 100 марке… http://ow.ly/18Nunv […]

Speak Your Mind

*