post

Размислување за работите кои треба да ги сработите

Претприемачкиот мозок е опкружен со многу работи кои треба да се сработат.

Некои се лесни, некои тешки.

Некои пак се приоритетни, некои неприоритетни.

Некои може да се делегираат, некои не може да се делегираат.

Но, доволна е само една одлука во неколку секунди за да се обезбеди подобар фокус на претприемачот и помалку стресни ситуации кога станува збор за нивното секојдневие.

Често пати (ако не и стандардно) ги чуваме работите во мозокот без да ја донесеме таа одлука во неколку секунди мислејќи дека само така ќе останеме фокусирани дека нешто треба да завршиме. Тоа значи и постојано зголемување на тежината на нашиот врат. Замислете секоја идеја, задача, активност или пак проект дека додава одредена тежина (на пример, по еден килограм). Пресметајте колку такви работи држите само во вашиот мозок и ќе видите која е тежината која ја носите.

За секоја таква работа доволно е само соодветно да се размисли и донесе правилна одлука. Прашањето е што значи за вас таа работа и што треба да направите со неа.

На пример, добивате епошта, ја читате и не преземате ништо сметајќи дека подоцна ќе се навратите. Доколку таа е-пошта бара некоја ваша акција и доколку таа акција е одговор на истата кој можете да го направите за неколку минути многу е подобро да го напишете и испратите веднаш отколку да ја зголемите тежината во вашиот мозок за подоцна.

За секоја работа доволно е во неколку секудни да размислите за следниве прашања:

  • Дали таа работа бара ваша акција?
  • Кога треба да се имплементира таа акција?
  • Доколку бара акција, кој е следниот чекор за таа акција?
  • Доколку треба да се имплементира веднаш, кој треба да ја имплементира?

Едноставно по одговорот на овие прашања или ќе се имплементира акцијата, или ќе се распореди за некој ден или пак ќе се делегира да биде завршена од некој друг.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*