post

Развој на менаџментот и местото на претприемништвото во него

Овој пост е напишан од М-р Илија Чубровиќ, коавтор на книгата Менаџмент на Претприемничкиот Бизнис и еден од креаторите на идејата за овој веб сајт.

Развој на менаџментот и претприемништвото

Развој на менаџментот и претприемништвото

Значењето на менаџментот во развој на едно општество е неоспорно докажано. Менаџментот низ човечката историја беше негов постојан придружник и моторна сила која влечеше и сеуште влече напред во новиот развој. Се смета дека најголема заслуга во развојот на најмоќните држави на светот се должи на силниот менаџмент.

Почетни менаџмент активности сретнуваме во армијата, земјоделието, градежништво…

Англиски збор menagement значи управување, водење на работите.

Менаџментот се дефинира како универзален процес на ефективно и ефикасно извршување на работата со помош на други луѓе и ангажирање на ресурсите во остварување на однапред дефинираните цели на претпријатието.

Теоријата на менаџментот започнува прво да се применува во производството, а подоцна се проширува и врз другите подрачја: сметководство, финансии, кадри, маркетинг, истражување и развој, управување со претпријатието.

Менаџментот како технологија им е потребна на сите претпријатија како стопански така и нестопански. Менаџментот како универзален процес, применлив е во сите видови претпријатија, болници, цркви, универзитети и владини агенции…

Во поголем или помал обем низ историјата се јавувале разни форми на организирање кои биле помалку или повеќе успешни. Први облици на корситење на менаџерски вештини можеда се прочитаат во библијата. Поради тоа се јавила потребата за пообемно проучување на оваа проблематика, како и нејзината примена во практика. Така се доаѓа до појава на менаџментот, како претходница на претприемништвото или на претприемничкиот менаџмент.

Класична школа на менаџментот

Класичната школа се појавува на почеток на XX век. Периодот кој се карактеризира со големо индустриско производство. Главно достигнување на менаџерите од овој период е пронаоѓање на општи принципи кои би биле користени во сите ситуации, како и поделбата на работата на составните делови.

Најзначајни автори на класичната школа се: F.W.Taylor, Henri Fayol, Frank Gilbreth, Lilian Gilbreth, Henry Gantt…

Интересно е што поголемиот дел од авторите доаѓаат од индустријата од инженерскиот свет.

Школа за меѓучовечки односи (Бихевиористичка школа)

Со понатамошен развој на менаџментот, мотивацијата и однесувањето со работниците добиваат се поголема значајност како главни предуслови за зголемување на производството. Незадоволството или незаинтересираноста на вработените може да доведе до намалување на продуктивноста, саботажи и други несакани однесувања. Па теоретичари од овој период своето внимание најмногу го обрнуваат кон меѓучовечки односи.

Главните претставници се: Elton Mayo, Mery Parker Follett, Abraham Maslow, Mc Gregor, Herzberg, Rensis Likert…

Системска школа

Со понатамошниот софистициран развој на менаџментот доага до развојот на системскиот приод во менаџментот. Овој период почнува околу 1950-тата. Теоритичарите од областа на менаџментот се обидуваат да го разјаснат и да го предвидат однесувањето во компанијата, така што ја проучувале целата компанија, нејзините елементи, влијанието на околината, а не само еден од нејзините аспекти како што прави класичната школа и школата на меѓучовечки односи. Добиени се сознанија дека организацијата претставува збир на меѓусебно поврзани делови (системи или подсистеми) кои треба да се набљудуваат како една целина. Па со анализата на целиот систем и влијание врз целиот систем да се дојде до подобри резултати.

Главна заслуга за развојот на оваа школа имаат: Ludwig von Bertalanffy, Kenneth Boulding…

Ситуациски (контигентен) пристап

Во последните декади доаѓа до големиот развој на менаџерската теорија и пракса. За одредена ситуација можно е да се применат различни менаџмент методи кои ќе бидат подеднакво успешни. Па, затоа теоретичарите од овој период препорачуваат ситуациски пристап каде би се применувал најсоодветен менаџерски метод во согласност со промените во околностите и во организацијата. Односно менаџерите треба да ги користат оние методи кои се најдобри за интересите на компанијата во дадениот момент.

Главни теоретичари се: Woodword, Barns, Stalke…

Претприемнички пристап

Како посебна школа се јавува и претприемништвото, или претприемниччкиот менаџмент. Реактивирањето на поимот претприемништво и давањето на позначајна улога на претприемништвото почнува во средината на седумдесетите години, околу енергетската (нафтената) криза. Дотогаш се форсирало производство во големи системи (фабрики), а тогаш се установило дека тие големи системи во состојбата на криза, неадекватно реагираат на настанатите проблеми. Поаѓајки од изразот дека големото е силно, но и дека малото е убаво, при тоа не уништувајки ги големите и успешни фабрики, се форсираат малите и средни претпријатија со претпремнички начин на работа. Така да големите и успешни фабрики со своите големи капацитети продолжуваат и понатаму со работењето додека малите и средните претпријатија со својата флексибилност ја пополнуваат празнина која настанува поради неуспехот на одредени големи фабрики а од друга страна отварат и нови подрачја за работењето. Со ваков начин на работењето малите и средни претпријатија во развиените земји постигнале огромни економски резултати и станале синоним за светско деловно однесување.

Во наши услови, со економија обременета од многу проблеми, на претприемништвото и на малите и средни претпријатија се гледа како на еден клучен фактор за постигнување на економската благосостојба, вработување и просперитет.

Главни теоретичари на овој период се Peter Drucker, Ichak Adizes

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*