post

Развој на производ и/или услуга – Фаза 1

Животни циклуси на производ  - Развој на нов производ

Животни циклуси на производ - Развој на нов производ

Минатата недела ја отворив темата за концептот на животниот циклус на производите. Секој производ и/или услуга започнува со развојот. Развојот претставува завршување на сонување, завршување на претприемничка имагинација за нешто што не сеуште не постои а ќе го измени животот на целниот пазар и секако фаза пред официјално лансирање на тој производ и/или услуга на пазарот.

Но во овој случај како што ги претставивме животните циклуси на производот мора да влезе и процесот на генерирање на идеи како дел од фазата на развој на нов производ и/или услуга.

1. Генерирање на идеи за нов производ и/или услуга

Првиот чекор во оваа фаза претставува генерирање на идеи за нов производ и/или услуга. Пред да започнете со процесот на генерирање на идеи би требало да го имате во предвид одговорот на следиве прашања:

  • Каква е потребата од нашите производи и/или услуги?
  • Колку време ќе трае таа потреба?
  • Каква е и каква би била побарувачката на таквите производи и/или услуги?
  • Каква технологија во моментов е расположива?

Одговорите на овие прашања мора да ни бидат на располагње се додека трае процесот на генерирање на идеи.

Овие идеи можат да бидат во вид на подобрување на постоечките производи и/или услуги па се до сосема нов концепт на производи и/или услуги.

2. Анализа и избор на најдобра идеја

Во претходниот чекор се генерираа повеќе идеи. Сега е време за една прелиминарна анализа и избор на онаа за која резултатите од анализата ќе бидат најдобри.

Во овој чекор идеите не се анализираат во поглед на дизајн, материјали, карактеристики или пак цени на чинење. Во овој чекор се разгледуваат елементите кои ќе одговорат на прашањата:

  • Дали идејата има потенцијал?
  • Дали идејата е практична за изведување?
  • Дали ќе биде прифатена од пазарот?
  • Дали може да се произведе со сегашниве капацитети?
  • Колкав е грубиот износ на повраток на инвестиција?

3. Развој на концептот и тестирање на истиот

Сега веќе имате идеја, потребно е да се доразвие концептот и да се изврши тестирање на истиот. На пример, доколку сте бизнис од прехрмбена индустрија Вашата идеја е развој на ниско калорична храна. Но, каква храна? Вафли, Кифли… Во овој чекор е важно да ги разгледате можните концепти и да изберете еден кој ќе го тестирате.

Можете да прифатите повеќе концепти и да ги тестирате во однос на производтвениот погон, снабдувачи, атрактивност за потрошувачи…

4. Последна проверка пред конечното ДА

Во овој чекор е време да ја донесете последната одлука ДА (се оди со тој производ и/или услуга) или пак НЕ (не се оди со тој производ и/или услуга).

По завршување на овој чекор трошоците ќе се зголемуваат со енормна брзина, па затоа треба да бидете осигурани за тоа дали потфатот ќе вреди. Затоа сите расположиви и нерасположиви информации (да се пронајдат) треба да бидат ставени во едно купче, анализирани и спремни за оној кој треба да ја донесе конечната одлука.

Тука анализирате неколку аспекти:

  • Пазарни аспекти. Вкупен пазар, очекувано учество на пазарот, конкурентски производи, цени, можна рентабилност, идентификација на први прифаќачи (early adopters)…
  • Бизнис аспекти. Технички апсекти, трошоци за производство, влијание на производствениот систем, снабдувачи…
  • Бизнис цели. Дали проектот ќе биде во склоп на целите на бизнисот.

Како излезен производ од овој чекор ќе биде детален план за развој и првичен маркетинг план за производот и/или услугата кој што се развива.

5. Развој на производот и тестирање на истиот

Веќе сме во чекорот кога прототипот треба да биде готов и тестиран.

Во овој чекор веќе практично се изведуваат сите технички аспекти на производот и/или услугата и се откриваат недостатоците кои ќе треба да се отстранат. Се проверуваат сите производствени аспекти и трошоци при производство на прототипот.

На крај од овој чекор пожелно е да се изврши тестирање од страна на реални потрошувачи. Постојат различни концепти за изведување на оваа тестирање, но како неколку идеи:

  • Можете да изберете неколку редовни потрошувачи и да им дадете по еден примерок од прототипот за да го тестираат и да ви дадат фидбек за нивни размислувања.
  • Можете да го користите и концептот на „бета тестирање“ кој од страна на програмерите најмногу е користен. Во овој случај ја пуштатае бета верзијата на производ до определен сегмент или група на пазарот за да добиете повратни информации.

6. Кревање на врева

Овој чекор веќе полека не воведува и подготува за наредната фаза лансирање на новиот производ и/или услуга. Ова не значи дека едноставно реба да вревите, туку значи дека полека треба да ги пуштате информациите за Вашиот нов производ и/или услуга на пазарот.

Целта е да го подигнете интересот на целниот пазар. Користете социјални мрежи за пуштање на тие информации кои ќе овозможат потенцијалните купувачи да врескаат за еден таков производ и/или услуга.

7. Официјално производство

Овој чекор се однесува за производствените компании. Во овој чекор веќе започнувате со официјално производство на производот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на […]

Speak Your Mind

*