post

SEO Оптимизација за пребарувачи: 5 Најчести грешки

 

Дојдовни линкови

Дојдовни линкови

Грешките се составен дел од нашиот живот. Но, понекогаш може да бидат кобни, и особено кога станува збор за оптимизација за пребарувачи (SEO).

Тука сакам да потенцирам 5 грешки, кои спаѓаат во групата на ненамерни или несвесни грешки кои што може и во најголем број на случаи се прават. Првин ги забележав во анализите на повеќе веб сајтови, но ги забележав дека и јас лично ги правам доколку не издвојам половина час пред да се објави нешто и да се елиминираат истите.

Па, предлагам да започнеме.

1. Густина на зборови

Ова е една од најчестите ненамерни грешки, особено кога станува збор за примарен клучен збор содржан во текстот наменет за објавување на интернет. Нормално е доколку темата е за тој примарен збор истиот да биде повеќепати повторуван. Но, премногу повторување (или голема густина) е штетно за оптимизираноста на тој текст.

На пример, она што го забележав при пишување за Entrepreneurship in a Box (во најголем дел моите откритија се од анализите преку тој сајт за што дури и изградив еден scoring систем кој пред објавување треба да ми даде процентуална оптимизираност на постот) е дека скоро 80% зборот business ми излегува со преголема густина и тоа ненамерно или несвесно. Па затоа, за да ја зголемам процентуалната оптимизираност вршам измена на првичниот текст за тие зборови така што на одредени места каде е тоа соодветно користам company наместо бизнис. Со што доаѓам до посакуваното ниво за да не направам грешка.

2. Недостаток на примарен збор

Моите анализи за кои во некои постови пишував (последната анализа е SEO – оптимизација за пребарувачи – анализа 2, набргу ќе следува уште една која е многу поголема) покажуваат дека постои силна корелациска врска помеѓу насловот, содржината на текстот и описот. Ова значи дека овие три елементи треба да се поддржат еден со друг кога станува збор за примарен збор.

Што се случува кога грешиме? Насловот или описот ни се оптимизирани за еден примарен збор, додека текстот за кој се однесува тој наслов или опис не го истакнува тој збор како примарен збор. Во една таква ситуација и немаме примарен збор.

Како друг пример може да биде несоодветноста помеѓу описот и насловот така што во насловот е еден примарен збор додока во описот го нема.

3. Должина на наслов

Ова грешка исто така е ненамерна грешка и произлегува од фактот што насловот од една страна треба да биде описен, што бара поголема должина. Од друга страна пребарувачите можат да прочитаат само извесен број на знаци од него, така да преголемиот наслов веќе е грешка.

4. Должина на описот

И оваа е уште една грешка која често и ја забележувам и ја правам кога од прва ставам опис. Исто како и со должина на насловот и тука поголема должина претставува грешка.

5. Користење на зборови кои не се содржани во текстот

Не дека оние клучни зборови кои ги ставаш имаат некакво големо влијание за пребарувачите, но сепак кога веќе ги ставаш и тие можат да бидат прочитани од пребарувачите би требало и да ги имаш во текстот. Зошто?

Едноставно за да не бидеш класифициран како “измамник”, а ништо да не добиеш со она што го правиш.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*