post

Онлајн Софтвер за Дијаграми – Gliffy

Дијаграми и графици се секојдневна потреба во бизнисите. Се користат од страна на донесувачи на одлуки за донесување на поквалитетни одлуки. Се вели дека една слика менува илјадници зборови. Значи многу е поедноставно кога ќе погледнете во еден график или пак дијаграм за да видите што се случува во бизнисот. Претприемачи, менаџери и вработени секојдневно донесуваат одлуки па затоа и секојдневно гледаат и споредуваат различни графици и дијаграми.

Во овој напис ќе претставам една бесплатна алатка (се разбира со одредени ограничувања) која може да се користи од страна на бизнисите за оваа намена. Оваа алатка е Gliffy.

За што може да се користи оваа алатка?

Оваа алатка може да се искористи за основните бизнис графици и дијаграми кои се користат во секојдневната работа на претприемачите:

  • Дијаграм на текот (Flowchart)
  • Мрежни дијаграми (Network diagram)
  • План на погонот на фабриката (Floor plan)
  • Организациски дијаграм – Органограм
  • SWOT анализа
  • Wireframe дијаграми – Визуелна презентација на тридимензионални или физички објекти користени во 3D компјутерска графика.
  • UML – Unified Modeling Language – стандардизиран јазик за моделирање во полето на софтверски инженеринг.
  • Деловни (бизнис) процеси
  • Моделирање

Користење

Отидете на почетната страна на Gliffy и кликнете го копчето за регистрација.

Потоа внесете ги основните податоци за регистрација.

Потоа ќе можете да го користите софтверот за изработка на различни дијаграми.

Верзии на софтверот

Постојат само две верзии на софтверот едната е основна верзија која е бесплатна и втората е премиум верзија која за една лиценца чин 5$ месечно.

Разликата е во количината на дијаграми кои можете да ги направите (5 за основната верзија и неограничен број за премиум верзијата). Втората разлика е што бесплатната верзија е со реклами. Бесплатната верзија на експортираните дијаграми го печати логото на Gliffy. Уште една разлика е што нема подршка на e-mail и безбедно SSL логирање.

Кога првпат ќе се регистрирате ќе имате 30 дена пробен премиум акаунт кој по истек на 30 дена доколку не нарачате ќе ве префрли автоматски на основната верзија која е бесплатна.

Во секој случај искористете и испробајте ја фул верзијата во првите 30 дена бидејќи има навистина има многу можности.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*