post

ШТО Е БИЗНИС КАТАСТРОФА?

За претприемачот многу работи може да бидат катастрофа. Лош почеток, недостаток на финансии, неквалитетни производи, слаба маркетинг програма, немање подршка од семејството, незнаење, избор на лоша локација… Ова се само дел од можните катастрофи за секој бизнис па и за претприемачот. Но, доколку размислиме за претходно наведените катастрофи ќе сфатиме дека сите можат да се избегнат.

Дали некоја бизнис катастрофа мора да се случи? НЕ! Претприемачот е водачот на бизнисот. Тој ги менаџира сите активности на тој бизнис. Сите случки во и околу бизнисот се резултат на некоја активностна претприемачот. На пример,

  • започнување на бизнис е резултат на бизнис идеа во комбинација со бизнис план.
  • недостаток на финансии е резултат на лош финансиски план, неконтролирани трошоци, преголеми залихи…
  • неквалитетни производи се резултат на лоша набавка или пак лошо производство доколку бизнисот е од производствен сектор
  • Слаба маркетинг програма е резултат на слаб маркетинг план и слаба креативност за маркетинг на претприемачот
  • немање на подршка од семејството е резултат на лошо организираното време на претприемачот
  • незнаење е резултат на недостаток на постојана едукација на претприемачот
  • избор на лоша локација е резултат на слаба анализа на локации во бизнис планот од страна на претприемачот

Значи за горенаведени катастрофи како причина секаде е претприемачот. Катастрофите не доаѓаат сами по себе, туку тие се последица на одредена причина која секогаш е оврзана со претприемачот.

Претприемачот не смее да каже не оди, немав среќа. Бизнисот не е среќа, туку умешност и знаење. За да се избегнат катастрофите претприемачите мора да бидат ефикасни и ефективни во исто време.

НЕ само ефикасни, НЕ само ефективни, НЕ ни ефикасни ни ефективни, ТУКУ ЕФИКАСНИ И ЕФЕКТИВНИ (ДА ГИ ПРАВАТ ПРАВИТЕ РАБОТИ НА ПРАВ НАЧИН). Со овој принцип на работа успехот е неминовен.

Прочитајте за ефективноста и ефикасноста.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*