post

Стратегија за социјални медиуми – Маркетинг средство 90

Стратегија за социјални медиуми

Стратегија за социјални медиуми

Ќе продолжиме со серијалот маркетинг средства на претприемач. Во изминатиов период во овој
серијал опфативме повеќе различни видови на социјални медиуми кои може да се користат за градење и зголемување на присутноста на вашиот бизнис на интернет. Но, често пати се поставуват прашања во
вид на што, како, кога или каде. Ние опфативме само еден мал дел од различните платформи кои постојат, реалноста е инаку една џунгла без некои добро воспоставени правила на игра. Затоа за да се постигне одредена успешност за секој бизнис потребно е да се примени стратешки приод. Мора да имаме стратегија за користење на социјални медиуми бидејќи сите напори без една таква стратегија ќе бидат залудни.

Што е стратегија за социјални медиуми?

Стратегија претставува план на акции за остварување на поставените цели. За имплементација на една стратегија потребно е да имаме повеќе тактики. Секоја тактика се исполнува со активности кои имаат одредени датуми на остварување, одговорни лица за остварување на тие активности и потребни финансиски средства за остварување. Значи стратегија за социјални медиуми ќе ни биде средство со кое ќе ги оствариме поставените цели.

А кои цели ги има поставено нашиот бизнис кои треба да ги оствари преку социјални медиуми? Овие цели не се толку опипливи како другите, но може да бидат во вид на:

  • градење на присутност,
  • зајакнување на препознатливоста на брендот,
  • зголемување на листа на потенцијални купувачи,
  • помош и подршка на купувачите,
  • едукација на купувачите и потенцијалните купувачи,

Ова е само еден мал дел од можни цели на еден бизнис за настап на социјални медиуми. Стратегијата треба да даде листа на активности за остварување на тие цели кои што ќе си ги поставите. Морате да бидете свесни и за ресурсите, особено временски.

Градење на стратегија за социјални медиуми

Стратегијата за социјални медиуми треба да ни даде одговор минимум на следниве прашања:

  • Кои социјални медиуми ќе ги користиме?
  • Како ќе ги користиме тие социјални медиуми?
  • Кои се нашите следни активности?

Да навлеземе накратко во сите 3 пршања.

1. Кои социјални медиуми ќе ги користиме?

Одговор на ова прашање зависи од:

  • целите кои ги имате поствено и кои треба да се остварат преку социјални медиуми,
  • видот на бизнисот како и пазарот и индустријата во која стопанисува истиот и
  • одговор на прашањето каде се моите потенцијални потрошувачи.

Откако ќе дојдете до листа на најважните социјални медиуми веќе ќе знаете кде треба да го насочите Вашето внимание.

2. Како ќе ги користиме тие социјални медиуми?

Второто прашање на кое ќе треба да дадете одговор е како ќе ги користите тие социјални медиуми до
кои дојдовте преку одговор на првото прашање. Во овој дел кога одговарате на како размислувајте веднаш на 4 елементи:

  • Комуникација – Со кого, што и како ќе комуницирате?
  • Едукација – Кого, што и како ќе едуцирате?
  • Забава – Со кого, што и како ќе се забавувате? Во овој дел е потребна и внимателност, не за секој бизнис функционира забава.
  • Соработка – Со кого, за што и како ќе соработувате?

3. Кои се нашите следни активности?

Претходните две прашања ни дадоа одговор за тоа кои социјални медиуми ќе ги користиме и како ќе ги користиме. При одговор на оваа прашање преточете ги тие одговори во листа на активности за периодот кој следува во кој треба да ги остварите поставените цели.

Во Премиум материјалот на претприемач во модулот за социјални медиуми овој процес го поминуваме подетално и е следен со темплејти во вид на алатки кои ве водат низ процесот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. Tweets that mention Стратегија за социјални медиуми - Маркетинг средство 90 | Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by Aleksandar Atanasov. Aleksandar Atanasov said: RT @pretpriemac: Pretpriemac Novo: Стратегија за социјални медиуми – Маркетинг средство 90 http://ow.ly/1aJqzz […]

  2. […] анализа може да ви помогне при изготвување на стратегија за социјални медиуми која беше опфатена како 90-то маркетинг […]

  3. […] Изработи стратегија за настап на социјални медиуми. […]

Speak Your Mind

*