post

Теорија на бизнис идеи – Финализација на бизнис модел – 1

Вчера дојдовме до една финална драфт верзија на твојот бизнис модел. Но, оваа верзија не е за започнување, таа треба да послужи како основа за тестирање на хипотезите, оние основните и секако да генерира нови хипотези кои ќе бидат од значење за нормално функционирање на бизнис моделот.

Веќе ги имаш сите елементи склопени на една страна во вид на еден бизнис модел. Нашата цел е колку што можеме побргу да дојдеме до прифатлив бизнис модел кој ќе гарантира успешност на бизнисот кој ќе го започнеме. Затоа уште пред да излеземе надвор и да тестираме ќе бидат потребни уште подготовки или промени во самиот бизнис модел.

Еве го бизнис моделот кој го изработивме вчера.

Развој на бизнис модел

Забележуваме дека имаме повеќе дефинирани сегменти како и потенцијални сегменти за во иднина. Сите тие сегменти имаат различни демографски и психографски карактеристики. Ова значи еден проблем при тестирање на нашиот бизнис модел бидејќи не можеме со една стандардна подготовка да излеземе надвор и да започнеме со интервјуирање на тие сегменти. Од друга страна, различни сегменти ќе имаат потреба од различни решенија. Затоа ќе треба да ги дефинираме карактеристиките на нашето решение кои планираме да ги содржи и врз основа на тиое карактеристики и различните сегменти да направиме повеќе од еден бизнис модели.

Првин карактеристиките со што ќе добиеме допрецизирање на бизнис моделот.

Развој на бизнис модел

Мора да напоменам дека во оваа верзија може да се вметнат сите карактеристики кои ги планираш, дури и оние научна фантастика. Сепак целта е да имаме почетни идеи кои треба да ги тестираме.

Понатаму, не секој сегмент ќе има потреба од сите карактеристики кои сакаш да ги имплементираш. Од друга страна не е секој сегмент со иста големина, што значи дека нема секој сегмент да гарантира исти резултати за бизнисот. Ние развиваме бизнис идеја, преку развој на бизнис модел и развој на купувачи. Сакаме колку што можеме побргу да го доведеме бизнисот да започне да генерира приход. Па затоа и сакаме да се насочиме на најнадежниот сегмент на кој ќе му ги понудиме најпотребните карактеристики. Ова не значи дека остатокот ќе се заборави, туку значи дека нашиот фокус ќе биде насочен на она најважното: дизајн на оние карактеристики кои се најбарани за најголемиот сегмент на пазарот.

Ова е процес на тестирање и прилагодување, а ние штотуку започнуваме.

Втората промена која треба да ја вметнеме во бизнис моделот е големината на секој од дефинираните сегменти. Колку потенцијални купувачи има во секој од сегментите. На пример, една издавачка куќа има повеќе сегменти на купувачи: директни читатели, локални книжарници, големопродавачи… Не се сите еднакво големи и нема сите да генерираат еднаков приход бидејќи ќе се користат различни ценовни стратегии. На сликата е даден бизнис моделот со последните фази (ја користам методологија во Business Model Generation од Alexander Osterwalder и Yves Pigneur).

Развој на бизнис модел

Забележувате дека веќе полека, но сигурно навлегуваме и во третата хипотеза дека постои доволно критична маса која ќе биде заинтересирана за решението.

Врз база на овие последни сознанија и анализи можеме да направиме посебни неколку бизнис модели, врз основа на посебните сегменти, потребните карактеристики за тие сегменти и секако останатите елементи од бизнис моделот. Тука јас нема да навлегувам детално во еден таков случај на разделување, туку ќе работам и презентирам на еден бизнис модел.

Утре ќе продолжиме со доработката на бизнис моделот заради подготовка за тестирање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*