post

Теорија на бизнис идеи – Финализација на бизнис модел – 3

Вчера во теорија на бизнис идеи – финализација на бизнис модел 2 додадовме уште неколку елементи во нашите драфт верзии на бзинис модели кои ги тестираме за да го изградиме бизнисот од соништата.

Тоа беа приходи и трошоци изразени во бројки и профитот кој произлегува од нив. Многу е важно бизнис моделот да биде профитабилен, бидејќи тоа и му е улогата да обезбеди успешен бизнис кој ќе создава профит.

Сега, овие бизнис модели сеуште се драфт верзии и сеуште базирани на наши претпоставки и наши анализи направени внатре во канцеларија. Но, она што е важно, иако серијалов на претприемач трае веќе три месеци со еден месец и повеќе пауза, е дека сето ова што досега го направивме се изведува во неколку дена. Овој серијал не е подготвен претходна година како би се објавил одеднаш туку дел по дел се креира и објавува на претприемач.

Да сублимираме пред оваа дополнителна финализација:

  • Имаме повеќе бизнис модели со различни сегменти и различни елементи во самиот бизнис модел.
  • Знаеме кој има потенцијал да донесе најмногу приходи и секако профит.
  • Знаеме кои бизнис модели не се надежни, односно онака како што се проектирани во моментов нема да донесат профит за бизнисот.

Прво што ќе треба да направиме е да ги разгледаме бизнис моделите кои во моментов не се прифатливи и да започнеме со нивно прилагодување, доколку сметаме дека може да одиграат важна улога. Еве ги претпоставките на кои треба да обрнете внимание:

  • Дали за тој сегмент се навистина потребни сите тие карактеристики?
  • Дали ни се потребни навистина сите тие ресурси?
  • Дали ни се потребни сите тие карактеристики?
  • Дали треба да направиме некој вид на прилагодување на сегментот преку насочување на нашиот фокус на една ниша од тој сегмент која ќе биде профитабилна?
  • Дали имаме грешки во поставување ан хипотезите дека постои проблем на пазарот токму за тој дефиниран сегмент?

Одговорот на овие прашања може драстично да го смени изгледот на самиот бизнис модел, па дури и од непрофитабилен да го направи профитабилен. Доколку успееш на ваков начин да го редизајнираш бизнис моделот и да го направиш профитабилен, треба да знаеш дека тој нов бизнис модел има:

  • Редефиниран проблем, а со тоа и можно решение и карактеристики на решението.
  • Редефинирани сегменти, а со тоа и нови хипотези за доволно критична маса.
  • Редефинирани извори на приходи, а со тоа и редефинирани стратегии за цени кои треба да се тестираат.
  • Редефинирани трошоци и претпоставки за појава на тие трошоци.

Значи во овој момент доаѓаш до 5-10 бизнис модели за различни сегменти, со различни карактеристики на решенија, со различни извори на приходи и ценовни стратегии и со различни трошочни структури. И сето ова е ОК, доколку и реалноста е таква. Но, сепак уште се се базира на наши претпоставки поткрепени со одредени наши анализи. И тоа е нешто, сепак повеќе од ништо.

Пред да започнеме со тестирање надвор од канцеларијата би додал уште една измена на бизнис моделот и тоа во однос на сегментите бидејќи тие ни се основата. Таа измена се однесува на втората хипотеза: се бара решение за проблемот, или нивото на болка за купувачот. Тоа е желбата за решение, нивото на барање на решение, нивото на потреба од решение…

И повторно, одиме со наши претпоставки поткрепени со некои иницијални анализи на пазарот кои доаѓаат преку одредени знаци и сигнали кои ги препознаваме. Начинот на кој ќе го означам ова ниво на болка или оваа хипотеза е со боја на самите сегменти во бизнис моделот. На пример, црвена боја има најголема потреба, портокалова умерена, додека жолта најмала потреба. Целта е нашиот фокус во старт да биде сегментот со најголема потреба. Така да сега нашиот бизнис модел ќе изгледа како на сликата подолу.

Развој на бизнис модел

Сега веќе сме подготвени, остануваат уште неколку одлуки пред да започнеме со практично тестирање надвор од канцеларија за кои ќе продолжиме во другите наслови. Важно е дека ти веќе:

  • Имаш креирано 5-10 бизнис модели
  • Знаеш колкава е потребата или болката на секој сегмент и
  • Имаш бизнис модели кои се профитабилни врз основа на твои лични претпоставки и анализи на знаци од надвор.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*