post

Тестирајте го вашиот бизнис-модел во однос на овие 8 елементи

Започнување на бизнис како процес едноставно претставува тестирање на бизнис-моделот со реалноста и постојано прилагодување на истиот согласно добиените резултати од тоа тестирање.

Но, прашањето е што е она што треба да се тестира во еден бизнис-модел?

Постојат осум значајни елементи кои што ќе мора да ги тестирате во вашиот бизнис модел докулку сакате да успеете.

1. Вредноста

Вредноста едноставно претставува она што вашиот бизнис ќе го нуди на купувачите. Во неа се складирани, потреби, проблеми, желби, фрустрации и емоции на потенцијалниот купувач. Од соодветната комбинација на овие елементи ќе зациси и успешноста на бизнисот воопшто.

Затоа постојано мора да ја тестирате вредноста која ја нудите.

2. Пазарот

Вредноста е наменета за пазарот, а пазарот е неизоставен дел од секој бизнис и бизнис-модел.

Комбинација на вистинска вредност со вистински пазар претставува единствената формула за успех.

Што е она што ќе треба да го следите и тестирате кога станува збор за пазарот?

  • Целен пазар. Дали вашата вредност се испорачува на вистинскиот целен пазар?
  • Идеален купувач. Дали вашата вредност е наменета за дефинираниот идеален купувач или ќе мора да го редефинирате?
  • Големината на пазарот. Колкава е големината на пазарот? Можете ли да настапите со истата или пак прилагодена вредност на поголем пазар?
  • Сегментите. Дали сегментите остануваат исти или ќе треба да се променат?

3. Производство

Производство на производот или услугата ќе има влијание на самата вредност, но и на трошочната структура во вашиот бизнис-модел. Сепак, мора да го тестирате и овој елемент особено во однос на следниве прашања:

  • Како е организирано производството?
  • Дали мора се самите да произведувате?
  • Можете ли да префрлите нешто преку аутсурсинг?

4. Односи со купувачите

Какви односи со купувачи имате?

Секој бизнис се базира на одреден вид на односи со своите купувачи. Понекогаш тие може да бидат долгорочни што значи постојано враќање и повторување на купопродажбата, но понекогаш тие може да бидат трансакциони што значи една трансакција и веќе никогаш немате ништо со тој купувач.

5. Дистрибуција

Каква дистрибуција користите во моментов? Може ли нешто да се промени? Може ли нешто да се дистрибуира онлајн? Може ли да користите други канали на дистрибуција? Како дистрибуцијата ќе влијае на севкупниот бизнис.

Тоа се прашањата на кои постојано мора да барате одговор.

6. Конкуренција

Конкуренцијата има силно влијание врз вашиот бизнис. Мора да го тестирате вашиот бизнис-модел во однос на конкурентите.

Колку е силна конкуренцијата? Колкав е бројот на оние силните? Може ли нешто да се промени за да се намали и силината, влијанието и бројот на конкурентите?

7. Трошочна структура

Секако, трошоците се нешто што постојано се следи. Мислам дека нема потреба од дополнителни коментари.

8. Приходи и профитабилност

И како последно нешто што треба да го тестирате во вашиот бизнис-модел е генерирање на приходи и профитабилноста што тој бизнис-модел ја носи.

Доколку во овој елемент не сте задоволни ќе треба да имплементирате промени во претходните.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*