post

To-Do листa – Како секогаш да ја завршите?

To-Do листа

To-Do листа

Пред извесен период во разговор со еден претприемач забележав еден лист хартија со активности за тој ден. Оние кои беа завршени се прецртани со пенкало додека во моментов кога јас пристигнав последната сеуште не беше завршена но во тек. Тоа е To-Do листа, нешто што секој од нас го прави поорганизиран и најважно од се овозможува завршување на активности предвидени за денот кој го живееме. Јас користам апликација за iPhone и iPad именувана како Things за која пишував во iPad и неколку корисни апликации за продуктивност но и направив една видео презентација за истата.

Не е важно дали таа листа е еден вид на апликација или пак лист хартија, тетратка или тефтер важно е дека постои и се користи од страна на сите кои работат нешто.

Но, исто така очигледно е дека понекогаш не оди се онака како што мислиме дека ќе оди. Ова значи дека не успеваме да завршиме се што испланираме денес, па некои активности ќе се префрлат за нареден ден со што доаѓа до оптеретување и повторно страда постигнувањето и се влегува во една „пружина од разочарувања и притисоци“.

Затоа и дојдов до 6 начини кои можат да влијаат на тоа секогаш To-Do листата да биде завршена навреме.

1. Лично обврзување за завршување

Иако не мора да значи дека може да биде од голема помош, сепак доколку се обврземе пред самите себеси дека нешто треба да завршиме поверојатно е дека ќе го завршиме. Инаку без обврзување многу лесно нашиот мозок ќе го остави тоа нешто за утре и така во недоглед се додека не сфатиме дека и не можеме да го завршиме.

2. Приоритизација

Секогаш има нешто што е поважно од останатите активности во To-Do листата. Приоритизацијата обезбедува оние најважните задачи и активности да бидат први на листата како би започнале со нив. Завршувајќи ги најприоритетните задачи процентуалниот успех на дневно ниво ќе биде многу поголем.

3. Анализа на вашето време

Времето кое ви стои на располагање е тоа 24 часа едно деноноќие во кои треба да бидат вклопени и спиење, и разонода и време со семејството, гледање ТВ… Сепак кога знаете колку време имате за спроведување на дневните активности ќе можете да ги поделите задачите согласно тоа време со што ќе овозможите завршување на истите.

4. Зголемување на вашето време

Како една опција за обезбедување на завршување на To-Do листата е да го зголемите времето кое ќе го трошите на тие активности. Ова значи намалување на вашето време од спиење, разонода, семејството гледање ТВ…

Но можете да го зголемите вашето време и преку соодветна делегација (една од менаџерски активности) на активности кои не се толку приоритетни.

5. Оптимизација

Како уште една можност да завршите се што имате во To-Do листата е да ја оптимизирате истата.

Што значи оптимизација на To-Do листата?

Оптимизација претставува оптимизирање на активностите содржани во листата со вашите капацитети и можности. Може вие да сакате да завршите 100 активности, но вашиот и временскиот капацитет ви овозможува само 15.

6. Преразгледување на приоритизација

Како што се повеќе ја користите To-Do листата така и процесот на „самоучење“ е активиран. Од друга страна приоритетите не се секогаш исти, тие се променлива категорија. Затоа од време навреме преразгледајте ја приоритизацијата која ја користите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*