post

Трансформациски претприемачи – кои се тие

Пред некаде околу четири или пет години за првпат прочитав за овој термин – трансформациски претприемачи (не се сеќавам точно каде) но знам дека беше нешто сосема ново (дали книга или списание). Тогаш мислев дека овој термин е нов “модерен” хит термин кој ќе послужи за опишување на една иста личност – претприемачот.

Од денешен аспект, кога гледам на истиот термин слободно можам да кажам и дека сум бил во право, но и дека не сум бил во право. Зошто?

Прво сум бил во право дека терминот има за цел да поттикне поглед од сосема поинаков агол при гледање во ист субјект. Сепак, зборуваме за ист субјект, без разлика што времињата се промениле и описот на навиките или задачите на тој ист субјект се променети доста. Не сум бил во право затоа што навистина се покажа дека таквите претприемачи се потреба бидејќи тие се оние кои го менуваат светот и тоа е факт.

Тука би сакал да нафрлам неколку карактеристики на овие претприемачи едноставно како поттик да се обидеме да го промениме светот.

  1. Трансформацикси претприемачи се луѓе кои мислат за поголема слика. Како нивниот бизнис е поврзан со остатокот од светот? Тоа прашање овие претприемачи го знаат. Тие знаат како нивниот производ, нивните процеси, нивните системи, нивните одделенија, нивните вработени се поврзани со купувачите, потенцијалните купувачи, снабдувачите, потенцијалните снабдувачи, со нивната заедница како сегашна така и идна…
  2. Трансформациски претприемачи се луѓе кои сакаат да го променат, го менуваат и не се откажуваат од менување на светот во кој живееме. Постои разлика кога сакате нешто да промените и само сакате во однос на да сакате и да менувате. Но, постои и разлика помеѓу да сакате да промените, да сакате да менувате и да не се откажувате од менувањето. Колку и да се чини дека менување на светот во кој живееме е лесно, сепак тоа не е така. Отпор кон промени секогаш постоел, потои сеуште и секогаш ќе постои во иднината. Доколку сакате да промените нешто и останате само на сакање сигурно не сте претприемач Доколку сакате да промените нешто и започнете со менување на тоа нешто, вие сте претприемач. Но, доколку сакате да промените нешто, го менувате и не се откажувате се додека не го добие обликот од вашата визија, вие сте трансформациски претприемач. Успехот можеби е далеку, но сепак е трансформациски и за вас како претприемач и за вашето опкружување.
  3. Трансформациски претприемачи имаат способност да учат од сопствените грешки. Сигурно нема да очекуваме дека ќе бидеме безгрешни. Тоа повеќепати сум го пишувал тука. Сепак, едно е да се греши, а сосема друго е да се греши и да се научи од таа грешка со што ќе се излезе како посилен и како следен победник во битката која што се води. Упорноста и истрајноста да се успее во промена на светот неминовно доведува до повеќе грешки на тој пат, но и до драстично зголемување на бизнис потенцијалната енергија која се складира во трансформацискиот претприемач.
  4. Трансформациски претприемачи се луѓе кои растат заедно со растот на нивниот бизнис. Едноставно не дозволуваат бизнисот да ги надрасне нив, туку и тие да растат заедно со бизнисот како би можеле да продолжат во придонесувањето за продолжување на тој раст. Бизнисот ќе расте, можеби поспоро, а можеби и побрзо. Сепак, растот на бизнисот бара сосема нови вештини, знаења и однесувања од страна на претприемачот во зависност во која фаза од животен циклус се наоѓа бизнисот. Трансформацискиот претприемач го знае тоа, па затоа постојано инвестира во сопствен раст како што расте и неговиот бизнис.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*