post

Транспортна Берза – Нов Портал во Македонија

Од 30.09.2009 година започна со работа новиот портал наречен транспортна берза. Транспортна берза е место каде транспортерите – оние кои нудат транспорт и фирмите кои имаат потреба од транспорт може да се најдат и да ги задоволат своите потреби. Адресата на порталот е www.transport.com.mk.
Како што е наведено на самиот портал transport.com.mk претставува:

веб-базиран систем за администрирање со понуда и побарувачка на товар и возила како за Македонија така и за цела Европа. Преку овој систем се разменуваат податоци помеѓу фирмите: транспортери, шпедитери, трговци, производители …

http://pretpriemac.com/myPictures/Transportna-Berza.png

Она што е најважно услугите на овој портал се бесплатни. За да објавите потреба за превоз на товар или пак за да објавите слободни возила или пак да добиете некоја информација за онаа што се наоѓа како понуда или пак побарувачка на пазарот на транспортот потребно е само да се регистрирате.
Еве и некои предности кои се наведени на порталот за фирмите кои нудат товар за транспорт (трговци, производители, шпедитери…):

  • Бесплатна регистрација !
  • Заштедете време и пари (намалете ги трошоците) !
  • Бесплатно објавување на товар за кој ви е потребен транспорт !
  • Можност за брзо добивање на понуди за превоз од различни транспортери !
  • Избор на вистинскиот транспортер по најповолна цена !
  • Економичност во работењето (без дополнително трошење на време и водење на скапи телефонски разговори) !
  • . . .

А предности за транспортерите се:

  • Бесплатна регистрација !
  • Оптимално искористување на транспортните средства !
  • Можност за објавување на транспортните капацитети за кој ви е потребен товар !
  • Можност да го намалат бројот на празни тури. Не дозволувајте вашите транспортни средства да се движат празни.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Анонимен says

    Напрвин, браво за порталот за Транспортна Берза! Честитки до основачите, и им посакувам успешна работа!

    Ваквите портали се секогаш добредојдени и допринесуваат за подобрување и поедноставување на бизнис-климата во републикава, а воедно и заштедуваат важни ресурси на компаниите кои знаат да го искористат тоа.

    Се надевам дека ваквите портали (и сите корисни портали од било кој тип) во иднина ќе ги има се повеќе, бидејќи доаѓа времето на „еПретприемништво“ каде што, основањето и водењето на мала компанија нема да вклучува многу повеќе од едноставно регистрирање на бизнисот на интернет овозможувајќи „виртуелни услуги“ на бизниси или потенцијални клиенти. Ова го поткрепува се подинамичниот раст на „интернет компаниите“ и нивните on-line услуги, како и се поголемиот раст на услужни дејности, односно компании кои таргетираат т.н. „интернет (потенцијални) клиенти!

    Секоја чест за тимот кој стои позади овој проект, а на порталот му посакувам многу успех!

    Keep up the good work!

Speak Your Mind

*