Секој бизнис нема да може да носи профит од самиот старт. Можеби ќе бидат потребни 1-3 години да се почувствува сласта на профитот. Но и тогаш парите ќе бидат малку. Многу бизниси пропаѓаат заради разочарување на претприемачите. Тие очекувале повеќе пари уште од самиот старт. Но секој нов бизнис е исто како бебе. Вие како родител рчате се додека е бебе. Тоа не може да ве послуша да ви донесе нешто се додека не порасне и не почне да разбира. Така и новите бизниси бараат вложување на труд и пари се додека не застанат на нозе. Овој период може да биде краток (што е редок случај), но може да биде и подолг (што е чест случај).
Затоа едни од клучните фактори за успех на претприемачите е трпеливоста и упорноста. Како претприемач морате да бидете трпеливи и да знаете дека вашиот бизнис е нов и не им е познат на потрошувачите. Како нов претприемач мора да знаете дека мора да бидете упорни и да не се откажувате по првата сопка. А, сопки ќе имате. Овие сопки можат да бидат во вид на потребни фнансии, во вид на напади од конкуренти, во вид на изгубени зделки…
Морате да бидете трпеливи со вашите маркетинг кампањи и да ги следите за да продолжите со оние кои даваат допринос во зголемување на продажбата. Морате да бидете упорни со вашите маркетинг кампањи, бидејќи само преку добар маркетинг ќе привлечете внимание. А, внимание ви е потребно. Запомнете дека сеуште сте нов во бизнисот. Морате да бидете и трпеливи и упорни за менување на навиките на вашите потенцијални клиенти. Тие досега биле клиенти на вашите конкуренти. Како ќе ве забележат, зошто да ја сменат навиката на купување?
Трпеливоста и упорноста на новите претприемачи е потребна заради тоа што:
- бизнисот е нов и непознат
- потребно е огромно количество на труд
- слаб маркетинг или мал буџет за маркетинг
- имате недостаток на финансии
- постои можност од разочарување
- страв за тоа дали ќе се постигне успех
- доколку не сте трпеливи и упорни нема да го видите вистинскиот потенцијал на вашиот нов бизнис.
Speak Your Mind