post

Употребни вредности на еден бизнис план

Зошто ни треба бизнис план?

Досега повеќепати пишував за тоа кога треба, кога не ни треба бизнис план. Во секој случај, нема потреба во услови кога зборуваме за старт-ап бизниси. Бизнис планот е еден од традиционалните средства за водење на бизнис, но особено заради фактот што така сме научени. Знаеме за формализација, правила, услови, формули… Но, тоа во многу случаи е неприменливо кога бизнисот функционира во крајно неизвесна средина.

Сепак процес на планирање е нешто сосема друго, нешто што не е статично туку динамично и флексибилно. Бизнис планот е нешто на што не треба да се губи време, но треба да се има во било каква форма едноставно за да останеме на вистинскиот пат.

Едни од најважните употребни вредности на еден бизнис план се следниве:

  1. Патоказ за идните бизнис активности. Што планирате да направите во иднина? Не е важно како ќе изгледа еден ваков бизнис план, важно е да имате еден вид на водич кој ќе ве води низ процесот на имплементацијата.
  2. Сет/група на бизнис идеи. Како еден претприемач, вие постојано ќе имате различни бизнис идеи. Бизнис планот можете да го користите едноставно како документ во кој ќе ги забележите своите бизнис идеи заедно со иницијалната анализа и неколку чекори кои ќе треба да ги преземете во иднина, едноставно за да не се заборават.
  3. Раст на бизнисот. Како едни од поважни активности на еден претприемач претставува планирање на растот на бизнисот. Бизнис планот може да биде одлично средство за планирање на таквите активности.
  4. Развој на нови производи. Бизнис планот претставува одлично средство во кое ќе ги бележите и следите идеите за развој на нов производ за вашиот бизнис.
  5. Одлучување. Една од употребните вредности на бизнис планот е помошта што вие како претприемач ќе ја добиете од него кога мора да носите одлуки. Бизнис планот го зацртува патот кој треба да го поминете во периодот за кој се однесува, па затоа и ќе ви помогне во донесување на одлуки за да останете на тој пат.
  6. Регулирање на мозокот на претприемачот. Мозокот на претприемачот работи со 100 километри на час. Постојано нови идеи, нови планови, нови проекти… Бизнис планот е одлично место каде ќе ги исфрлите тие работи од вашиот мозок.
  7. Средство за опишување на бизнис идеи. Освен собирање на бизнис идеи, бизнис планот може да содржи и опис или допрецизирање на секоја од идеите кои сакате да ги имплементирате.
  8. Контрола на спроведеното. И секако бизнис планот може да се користи и како контрола на спроведеното и основа за идните подобрувања на бизнисот.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*