post

Успешни стартапи и она што кретивни претприемачи го прават

Претприемачите се креативни луѓе, тоа е факт. Но, што е онаа што тие го прават на вистинскиот начин за нивните стартап бизниси?

Секое општество има потреба од претприемачи. Зошто? Едноставно затоа што тие се личности кои креираат вредност за целото општество. Тие прават нешто од ништо. Ги подобруваат животите на луѓето.

Можете ли да бидете еден од тие успешни претприемачи, но во вистинска смисла на зборот? Да, можете. Но, да ги разгледаме најкреативните работи кои претприемачите ги прават во нивните стартапи.

  1. Претприемачот гради нешто што самиот тој сака да го користи и ќе го користи. Она што тие го градат не е едноставно обичен производ или услуга, туку нешто што тие како прво имаат потреба и го користат за да ги решат сопствените проблеми. Мора да започнете да ја користите вашата креативност во оваа подрачје. Постојат толку многу можности за подобрувања. Доколку најдете некоја, вие сте на вистинскиот пат да изградите успешен бизнис.
  2. Претприемачот ги користи можностите без разлика од каде доаѓаат. Можностите може да се појават од било каде, а местата каде може да се најдат одлични можности за претприемачите претставува безграничен простор. Не обидувајте се да избегате од можностите околу вас, туку искористете ги. Тие се насекаде околу вас и ќе треба само да ги отворите очите и вашата креативност.
  3. Започни ситно, а потоа подобрувај врз основа на фидбекот од купувачите. Успешните стартап претприемачи немаат големи стартапи. Погледнете како стартуваше Facebook само на еден универзитет со минимален број на карактеристики. Од друга страна Google Wave како големо започнување измиксано со сите можни карактеристики кои дури ни корисниците не ги знаеа се претвори во неуспех. Успешните претприемачи започнуваат со колку што може помало нешто и продолжуваат да го подобруваат се додека не стигнат до севкупното задоволство од страна на купувачот. Од друга страна не е добро да инвестирате голем износ на пари и време во нешто што не знаете дали ќе успее.
  4. Тие градат голем број на фанови уште пред започнување на бизнисот. Доколку сакате вашиот стартап да биде на вистинскиот пат кога ќе го лансирате, ќе мора да започнете со градење на база на фанови или заедница која ќе ви помогне да ги донесете вашите идеи на пазарот. Започнете со градење на заедницата околу вашите идеи пред да го започнете бизнисот. Без таква заедница, не можете да очекувате можностите на успехот да бидат на највисоко можно ниво.
  5. Ги комбинираат достапните ресурси на најоптимален можен начин. Стартапи не се компании кои имаат голем износ на ресурси како големите компании. Тие мора да бидат трошочно ефективни и да го користат она што во моментов го поседуваат. Затоа, ќе треба да ги комбинирате различните достапни ресурси на најоптимален можен начин за вашиот стартап.
  6. Тие учат од секој чекор кој го преземаат. Целиот процес на дизајнирање и градење на стартап може слободно да се опише како процес на учење. Кој знае, нешто може да успее, но исто така нешто и може да не е толку добра идеја и нема да донесе успех на компанијата. Ќе мора да учите од секој ваш чекор кој го преземате како сопственик на стартап. Но, уште поважно е да го користите она што сте го научиле во подобрување на вашата компанија.
  7. Се обидуваат да грешат и учат брзо. Најдобро научените лекции доаѓаат од сопствените грешки. Доколку побргу погрешите, исто така ќе научите многу побргу. Ваквиот начин не ви дозволува да продолжите со инвестиција на вашето време и пари во нешто што нема да ви го донесе она што го сакате. Затоа, во стартап фазата ќе треба да се обидете грешките да бидат составен дел, но колку што може побргу.
  8. Лесно менуваат се што не функционира. Успешните претприемачи не се вљубуваат во сопствените идеи и акции. наместо тоа, тие се вљубени во нивните потенцијални  купувачи кои им кажуваат што функционира и што треба да биде подобрено или променето. Тие едноставно слушаат и имплементираат промени врз основа на слушнатото. Не противете се на промените, затоа што со такво однесување ќе бидете најголемиот губитник вие, а не некој друг.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*