Тој систем ви овозможува да се насочите на подобрување на бизнисот додека истиот ви овозможува финансиска слобода да си го живеете животот од соништата.
Значи, вие креирате организациски систем кој прави разлика во светот преку испорака на вредност до вашите купувачи. Тоа значи дека вие и вашиот бизнис сте во една спрега помеѓу вас како претприемач и вашите купувачи од кои ќе зависи бизнисот и секако кои преку вашиот бизнис ќе овозможат реализација на вашите лични цели.
Разгледајте ја формулава подолу:
N е број на луѓе на кои вашиот бизнис им го подобрува животот. Значи со повеќе луѓе кои го користат бенефитот од подобрувањето што вашиот бизнис им го овозможува ќе значи и поголем успех на бизнисот.
Добро, можеби сметате дека имате уникатен пазар во кој само вие нудите нешто вредно, па целиот свет мора да купува само од вас. Но, реалноста не е таква. Мора да се освестите. Кога постои пазар, кога постои можност на тој пазар и кога од некого ќе биде препознаена таа можност, секогаш ќе се најдат уште некои кои ќе влезат во борба со вас за делење на тој пазар. Тоа е конкуренција. Таа е реалност која не смее да се заборави дури и да не постои во моментов.
За да успешно конкурирате единствениот начин е да бидете посупериорен од останатите членови на пазарот – конкуренцијата.
Но, често пати проблемот е во обидување да се биде супериорен во се. Токму тоа може да биде една од најголемите пречки на претприемачот. Не можете да бидете најдобар во се. Можете да бидете само просечен во се. Затоа и во Македонија постојат толку бизниси кои воопшто немаат своја сопствена конкурентска предност. Тие се исти. Просечни бизниси, со просечни производи и услоги за просечни луѓе.
И токму таа просечност доведува конкурентноста да се базира само на цена.
Од друга страна времето на просечни бизниси со масовен пазар помина. Се бара персонализација, се бара уникатност.
Затоа мора да ја најдете вашата најсилна страна. Тоа е нешто што тешко може да се копира, но и нешто што ќе треба да се цени од страна на купувачите. Доколку, го вложите сиот свој потенцијал токму во тие ваши силни страни, веќе не се вели дека тешко ќе може да се копира туку дека воопшто не може да се копира.
Тоа е вашата цел како еден претприемач.
Speak Your Mind