post

[Видео] Обратен редослед за промени

Не можев да одолеам на споделување на ова авидео тука. Едноставно видео, кое поттикнува различно размислување. Кое не дозволува помирување со статус кво ситуација и кое мотивира да преземеме чекори да го промениме светот.

Како еден обратен редослед може да го промени изгледот на светот во кој живееме, да не промени нас и да не поттикне да се промениме себеси и нашата потесна околина која со тие промени ќе ја промени и пошироката околина и ќе обезбеди поквалитетно, подобро и помирно место за живеење како за нас така и за идните поколенија.

Има многу работи кои се важни во животот, но некои се поважни од другите. Можеби не ги забележуваме. Можеби ни се чинат како неважни. Но, едно нешто е јасно, нашата енергија ја црпиме од различни извори. Некои се видливи некои невидливи. Некои се опипливи, а некои душевни. Тоа сме ние. Луѓе. Полни со потенцијал да го промениме светот. Само доколку научиме да гледаме поинаку од мнозинството. А, и тоа мнозинство ќе има корист од секој кој гледа поинаку и дејствува поинаку.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*